Како е можно човек во инвалидска количка да стане на стадион?

Италијанскиот второлигаш Фоџа излезе со соопштение дека ќе казни еден од своите навивачи поради тоа што мамел и се шмугнал божемски е лице со посебни потреби. Навивачот се обидува да се извади.

Навивачите на Фоџа снимија навивач кој се појави на стадион со инвалидска количка и потоа мртов ладен стана како ништо да не му е. На видеото се слуша како тераат и мајтапи викајќи: Чудо, чудо, Господ постои, Господ постои.
 
Од клубот веднаш се огласија за несекојдневниот момент и соопштија дека ќе го идентификуваат и ќе го казнат, но по кусо време стигна изјава од човекот кој тврди дека немал намера никого да измами.
„Не сум лице со посебни потреби, туку само придружував пријател инвалид на мечот Фоџа - Чезена и го сместив на местото од каде секогаш ги следи натпреварите. Во еден момент видов слободна количка која сакав само да ја поместам и место да ја туркам со раце, седнав на неа. Некој ме снимил и направил приказна дека сум инвалид. Им се извинувам на сите здруженија на лицата со хендикеп, не сакав никого да навредам. Две години го носам мојот пријател на стадион и не ги навредувам никогаш инвалидите. Решив за зборувам за ова, бидејќи ми падна срам“.

20 март 2018 - 15:35