Фоџа - Катанзаро (2:6), Серија Ц. Ни ред, ни поредок. Во Англија нека одат овие вака ноншанлантно да влетуваат и да излегуваат од терен. Нема да ја помирисаат друг пат тревата. За што ли зема плата обезбедувањето?
Италијанскиот второлигаш Фоџа излезе со соопштение дека ќе казни еден од своите навивачи поради тоа што мамел и се шмугнал божемски е лице со посебни потреби. Навивачот се обидува да се извади.
Да бидеш еден од најценетите тренери во Италија а да не си „нивен“ значи само едно: Да се викаш Зденек Земан, човекот кој правеше чуда со Фоџа во ’90-те години, а ги тренираше и римските гиганти.
Кога срцето на зетот освен за невестата бие за клуб кој го поддржуваат и неговите другари, кумот, старосватот и братучедите, тогаш нема потреба од машка фотка, туку видео кое потоа ќе го пушта дома до даска едно 100 пати. Се работи за Фоџа.
На денешен ден, 12 септември 1993. година на мечот Фоџа - Јувентус (1:1), дебитираше 20-годишниот Алесандро Дел Пјеро кој влезе во игра на место Фабрицио Раванели. Се загреваше, а Трапатони го викна со фамозната свирка.
Од 1937 година во Фоџа се сменија околу 70 тренери и стотици фудбалери, но само еден е вечен. Тоа е дедо Чичо, култниот херој во градот кој едвај ја преживеа Втората светска војна и ден денеска патува низ цела Италија каде што гостува неговиот омилен тим.