Кога Чичо имал 11 години неговиот другар украл точак од вујко му и заедно патувале до градот Фоџа за да го бодрат истоимениот клуб. Од тој ден тој не се дели од Фоџа и станува пример на сите генерации на навивачи во Италија.
За време на Втората светска војна бил регрутиран да се бори во Северна Африка. По едномесечни тешки борби бил фатен од страна на британската армија и испратен во Шкотска како воен заробеник.
„Таму ме третираа подобро отколку тоа што италијанската влада го прави тоа со мојата пензија“, вели Чичо.
Со кого играла Фоџа на неговиот прв меч во 37-ма не се сеќава, но го памети првиот негов меч по војната кога играле против Пескара.
„Втората светска војна ме научи што значи да се почитува и да се има животот. Јас сум подготвен да направам сè за мојот тим. Што и да е, јас никогаш не се откажувам и секогаш наоѓам начин да ги бодрам. Фудбалот е начинот на кој ја гледам мојата земја. Ако не беше оваа страст, никогаш немаше да видам толку неверојатни места“.
Чичо бил на сите големи градови и стадиони во Италија, а каде и да оди го носи транспарентот на кој пишува „Мир меѓу ултрасите“.
„Јас не славам кога одам на гостување. Им се восхитувам на другите навивачи, ја бодрам Фоџа мавтајќи со знамето и нека знаат играчите дека сум таму за нив. Тоа е мојата филозофија“.
Во земја каде насилството е синоним за навивачката култура, Чичо е светилник на надежта. Неговиот живот е полн со многу трауматски искуства преку кои држи лекции на помладите фанови.
„Војната е нешто страшно. Со фудбалот ако можеш да го почитуваш противникот на стадион, истото можеш да го правиш и во животот.
Да живее дедо Чичо. Тој ги потсеќа сите кои се дел од модерниот фудбал дека има многу што да се научи од минатото и дека поддршката на еден клуб не е место за вандализам туку можност да се научат важни лекции во животот.