Хронолошки безредиево оди вака:
1. Навивачите на Фоџа фрлаат предмети и пиротехника на терен и не му даваат на напаѓачот на Катанзаро Јемело, кој инаку играше за нив, да го изведе пеналот.
2. Двајца навивачи на Фоџа влетуваат на терен. Едниот го нападна Јемело па го испратија, а другиот не го ни бркаа како што треба, па искрши рекламно пано и се врати на трибина.
3. Потоа Јемело изгледа се пишмани, па друг го изведуваше пеналот.
4. Влета на терен трет навивач на Фоџа, кој го бркаа млитаво или не го ни бркаа, па и тој се врати на трибина.
5. Црвен картон за тим менаџерот на Фоџа, појма немаме зошто.