Трката и рекордите на стогодишни дедовци и баби во Америка

Претпоставуваме колку од нас неактивните ќе се засрамат кога ќе видат како дедовци и баби кои имаат над 100 години трчаат како во млади денови. Секоја чест и алал вера.

Државното првенство на САД (USATF) во затворена сала ни подари два нови рекорди на 60 метри. И тоа замислете рекордите ги поставија 100-годишни луѓе.

Орвил Роџерс и Џулија ’Ураган’ Хоукинс поставија нови светски рекорди во возрасна категорија.

Роџерс има рамно 100 години и тој истрча 60 метри за 19,13 секунди. А неколку дена пред да го постави светскиот рекорд, Орвил победил и на 400 метри со резултат 4:16,90.

Џулија има, верувале или не, 102 години! И таа истрча 60 метри за 24,79 секунди!

Таа е повеќекратен шампион и се смета за најголема ѕвезда во оваа категорија атлетичари, нешто како што е Усеин Болт во својата категорија. Па сега, и после ова ако ви е тешко да се занимавате со спорт, тогаш...

 

USATF Мастерсот се одржува секоја година во Албрук (САД). 

21 март 2018 - 10:29