Offside

Тотенхем конечно прослави победа после 7 кола во Премиер лига откако синоќа го совлада Ковентри со 3-1. Сите погодоци беа убави, постигнати надвор од шеснаесетникот, а стрелци беа: мајсторот за удари од далечина Џејмс Медисон, Омар Мармуш и Бен Дејвис. На терен конечно се врати Македонецот роден во Шведска, Дејан Кулушевски после речиси две години по тешката повреда. Влезе во 87' минута наместо Кудус и доби овации од трибините.

Навивачите на Интер го попарија Јувентус

Што ти е дерби на Италија. 0:1, 2:1, 2:3. Така се движеше резултатот меѓу Интер и Јуве, а на крајот се радуваат гостите со лудачки пресврт во 87-ма и 89-та минута и останаа на +4 пред Наполи кој утре гостува во Фиренца. На трибините Интеристите удрија силно против лутиот ривал.

Добро, овој Марсело илузионист е?

Откако направи ретко виден прием на топка против Баерн Минхен, Бразилецот од Реал денес на тренинг примил топка без да ја види.

Казнет Турчин изнајмил кран за да гледа фудбал од надвор

Навивач на Денизлиспор кој бил суспендиран 12 месеци од фудбалските стадиони, решил да најми кран за да го гледа неговиот клуб кој славеше со 5:0 против последниот Газиантепспор.

Оправдан ли е директниот црвен картон за Весино?

Јувентус поведе против Интер во 14’ минута преку Даглас Коста, а само три минути подоцна Весино доби црвен картон по стартот над Манџукиќ откако судијата Орсато кога ја виде лузната на Хрватот побара ВАР.

Нема шанси ова да го утне Салах, кајронот вели 1:0

И стрелецот број 1 во Европа е човек од крв и место, ама графичарите во режија не веруваат дека може да промаши вако зицер кога е во дуел со голманот, па во 5-та минута му впишаа водство на Ливерпул. 

Само Иниеста може да повреди играч со дриблинг

Виртуозот со топката и еден од најдобрите и најпаметните плејмејкери во историјата, вчера имаше емотивно збогум со Барселона. Што и да издвоиме од него ќе погрешиме бидејќи секогаш се наоѓа нешто појако. Изборот ни падна на еден волшебен потег против Осасуна.

Иниеста сакал да го пропушти Светското на кое ѝ донесе злато на Шпанија

Во еден од најтешките периоди од животот кога мислел дека сè околу него е темно, Иниеста дознава дека неговиот добар другар Даниел Харке - капитен на Еспањол, умрел по срцев удар. Му се руши светот но решава да се бори и дава гол во финале на Светско.

Пакистанецот кој дошол во Америка со 500 долари сега го купува Вембли

Човекот кој во целост го остварил американскиот сон, во ’60-те години дошол во САД со последните пари што ги имал, а денес ги поседува Фулам и Џексонвил Јагуар во НФЛ. Ама го сака и Вембли.

Режија, кој ти дал диплома да ти ги врати парите

Додека камерманот го фокусираше кадарот кај топката во аут, Офи од Крит поведе со 1-0 преку Коељо. Среќа до крај паднаа уште шест гола па гледачите и не му замериле многу...

Барселона: Ти благодариме засекогаш Андрес Иниеста

Тажен ден во Барселона. Завршува 22 годишната врска со Иниеста, мозокот на тимот кој им донесе 31 трофеј. Каталонците не знаат како да му се заблагодарат, а тој едвај зборуваше на пресот.

Кил спремај се за “ауфидерзен“ во Јане Сандански

Слична е ситуацијата на Вардарци како лани. Тогаш имаа 2 разлика од првиот дуел со Фленсбург и потоа фајнлфорот го запечатија пред своја публика со убедлива победа од 35:27. Сега имаат +1 и повторно германски противник како шанса за нов пласман меѓу најдобрите 4 во Европа. Последниот марш на „Ел Команданте“ во Скопје мора да мине триумфално со ваков финиш на навивачите.

Што велат резултатите во Серија А од користењето на ВАР

Имало корист од новата видео технологија која беше сефтосана оваа сезона во италијанското првенство, а истовремено и многу критикувана. Грешките не се целосно исчистени, ама резултатите се подобрени, покажува статистиката.

Чудата на Жалгирис со Јасикевичиус - главното откритие во Евролига

Кошарката е традиционално спорт број еден во Литванија, земја која редовно игра на завршниците од Светските и Европските првенства, а овојпат првпат после 1999-та кога даде шампион во Евролигата, ќе има претставник на Фајнал Фор.

Што означува чудниот танц на Антоан Гризман после головите?

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид и воопшто еден од најдборите напаѓачи во Европа го спаси својот клуб во ужасно тешкиот меч со Арсенал на гости.

Облак е голманиште

Ако Арсенал испадне од Лига Европа во полуфинале, причината уште од сега нека ја бара на првиот дуел. Имаа вкупно 20 удари против еден Атлетико од кои 8 во рамки на гол, а одиграа 1:1 и тоа со играч повеќе 80 минути. Добро си имаа работа и со ваков Јан Облак. Ова се тие моменти кои знаат да бидат клучни на вакви нокаут мечеви.

Флориан Товен во ракометарско друштво со Марадона и Кутроне

На контроверзните судиски одлуки во Лига на шампиони се приклучува и Лигата на Европа. Олимпик Марсеј синоќа постигна гол со рака, несанкционирана од судиите.

Навивачите на Марсеј се родени за шоу

Кога Олимпик Марсеј игра вакви важни натпревари во градот е празник. Човек не знае дали повеќе да се восхитува на атмосферата што ја направија на мечот или по него. Остварија водство од 2:0 на првиот полуфинален дуел од ЛЕ против Салцбург, а по оваа снимка пред Велодром некој ќе помисли дека веќе ја освоиле.

Атлетико се провлече, Марсеј близу финалето во Лион

Првиот меч од „финалето пред финалето“ меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид донесе бурни 90 минути со два гола, две исклучувања и многу шанси. Во Франција Марсеј потврди дека е решен да оди до крај.

Пародија од хајлајтсот меѓу Баерн и Реал

Баерн Минхен имаше канонада од удари пред голот на Реал Мадрид, ама на крај Реал победи. Можеби затоа што играчите на Баерн се ушепртљаа 100 пати пред гол или можеби затоа што Реал имаше среќа. Еден твитерџија се обиде да го објасни мечот.

И Пандев меѓу најпознатите случаи „давам гол и не се радувам“

Салах е експерт по материјава затоа што веќе даваше голови без да се радува против поранешните тимови Фиорентина, Челси и Рома. Величината ја докажуваа уште неколку други фудбалери меѓу кои Батистута и Симеоне.

Ефикасноста на Ливерпул е друг муабет

Немаме кажано сè за Ливерпул, клубот кој е блиску до финале и кој е најзалужен за тоа што ја гледаме сезоната со најмногу голови во историјата на Лигата на шампионите.

Судија лопов

Делителите на правдата често се обвинувани за судиски грабеж, ама овој е буквален и за ваков до сега не сме пишувале. На овој судија му лепи раката.

Јувентус фанс: Ова не е пенал, ама ако беше Бенатиа

Нема крај на кошкањата на тема „Пеналите за и против Реал“. Последната епизода беше крајно сомнителна и несанкционирана од страна на арбитрите, а ја споделуваат навивачи на Јувентус. Уште во првата минута Карвахал и Варан го турнаа со раце Левандовски во шеснаесетник.