Ефикасноста на Ливерпул е друг муабет

Немаме кажано сè за Ливерпул, клубот кој е блиску до финале и кој е најзалужен за тоа што ја гледаме сезоната со најмногу голови во историјата на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, ПСЖ, Манчестер Сити и остали внимателно прочитајте го податоков:
 
Ливерпул оваа сезона во Лига на шампиони на сите противници им збрца по минимум 5 гола. ПЕТ.
 
6 против Хофенхајм, 5 против Севиља, 10 против Марибор, 8 против Спартак, 5 против Порто, 5 против Сити и 5 против Рома со која треба да игра и реванш.
Ете тоа е Ливерпул. Сезонава во ЛШ паѓаат по 3,14 голови по натпревар, што претставува рекордна ефикасност во историјата на ова натпреварување, а за тоа се разбира е најзаслужна бандата на Клоп.
 
На 13 меча постигнаа 38 гола со што ги шијат другите. Една Барса има 17, Јуве 14, а стигнаа до четвртфинале.
 
Еве уште еден јак податок. Триото Салах - Фирмино - Мане има 28 гола или повеќе од сите други учесници во ЛШ освен Реал со кого има идентична бројка.
 
На табелава фалат вчерашните два гола на Кралевите.
 
 
Кога сме кај голедата поврзана со Ливерпул, имаме за споделување уште три податоци.
 
Царот води во битката за Златна копачка.
 
Фирмино со Клоп до 100-ка.
23 години немало седмица во полуфинале изразена со 5:2.
 
26 април 2018 - 14:52