Навивачите на Интер го попарија Јувентус

Што ти е дерби на Италија. 0:1, 2:1, 2:3. Така се движеше резултатот меѓу Интер и Јуве, а на крајот се радуваат гостите со лудачки пресврт во 87-ма и 89-та минута и останаа на +4 пред Наполи кој утре гостува во Фиренца. На трибините Интеристите удрија силно против лутиот ривал.

По најтешките два порази на Јуве оваа сезона, првиот од Реал со контроверзен пенал во ЛШ, а другиот од Наполи кој му се доближи и ја вжешти трката за титулата, Старата Дама се крена психолошки со огромни 3 бода на Меаца.

Избраниците на Алегри имаа 0:1 на полувреме, потоа губеа 2:1 и возвратија со херојски пресврт во финишот за голема победа која може да биде клучна во борбата за Скудетото.

Јуве го доби дербито на терен, а навивачите на Интер на трибина со кореографии болни за секој фан на Бјанконерите.

Јувентус има загубено 7 финалиња во ЛШ, а навивачите на Интер напишале дека им се освоени, но со носот на Пинокио кој ја симболизира лагата. Исто како и со бројот на Скудета (35), во кој навивачите на Јуве ги сметаат и двете одземени со скандалот Калчополи. Третиот дел од ироничката кореографија е паролата „Никогаш не сум бил во Серија Б“.

Загубените финалиња на Јуве во ЛШ. Им фали само ланското од Кардиф.

Црвениот картон на Буфон против Реал.

„Подигни го Џиџи, подигни го“.

Навредливата изјана на Буфон за судијата Мајкл Оливер исплетена на шал.

„Пет минутен молк во знак на почит за милиони навивачи и играчи од сите италијански екипи кој од секогаш се крадени“.

Хајлајтс од мечот

28 април 2018 - 23:16