Хозе Алберто е судија во шпанскиот фудбалски шампионат за ветерани кој на секој натпревар наместо прв се појавувал на терен последен.
Додека играчите се загревале на терен и го чекале првиот судиски свиреж, тој оперирал во соблекувалните, а главен таргет му биле новчаниците.
Судијата е обвинет дека во периодот од мај до ноември 2015-та во вкупно 5 градови во Шпанија на играчите им украл 1.795 евра, сума за која ќе треба да одлежи затворска казна од 9 месеци.
Алберто ќе треба да им ги врати сите пари на играчите и плус да плати парична казна од 2.160 евра.
Зачудува тоа што Федерацијата не се решила да го суспендира и ниту да го казни судијата кој и покрај тоа што краде пари, ќе може повторно да суди натпревари.
Ветераните од сега па натаму сигурно ќе ставаат клуч на врата во соблекувалните кога ќе им се падне тој да им суди.