Норвешка не жали за елиминацијата во четвртфинале од Англија во 93-та минута. Напротив, слави на големо. Никогаш во историјата не завршила во топ 8 во свет.
Во понеделникот вечерта Тотенхем ги разочара сите кои чекаа да го видат новиот „Вајт Харт Лејн“. Клубот потврди дека го одложува отворањето на неопределено време, а екипата ќе игра уште минимум неколку меча на „Вембли“ како и лани.
Били Симпсон има 26 години и игра за женскиот тим на Клифтонвил од Северна Ирска. Во раната фаза од сезоната таа веќе влезе на списокот потенцијални кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ која ФИФА ја доделува за најубав гол.
И тоа го има. На 16 јули 2003 година на пријателски меч меѓу Аргентина и Уругвај, под водство на Марсело Биелса, за „гаучосите“ првпат заиграл малиот Хави.
Вечерва од 21 во главниот град на Естонија, Талин, ќе се игра мечот за Суперкупот на Европа меѓу победникот на Лига на шампиони Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, Атлетико Мадрид.
По магијата што ја направи пред неколку дена кога го даде првиот гол во Јапонија, Андрес Иниеста денес го постигна и вториот гол во дресот на Висел Кобе. И тоа каков гол!
Селтик толку многу се спремаше за пласман во Лига на шампиони но на крај АЕК од Атина им ги помрси сметките и ги елиминираше. Коментаторот Крис Сатон имаше врвен опис на испаѓањето.
Фудбалерот на Видеотон Данко Лазовиќ имаше среќа што неговиот тим оствари историски успех и се пласираше во плејофот на Лига на шампиони откако со Малме во Шведска одигра 1-1 а синоќа дома доволни 0-0.
Четирикратниот европски првак синоќа со 3-0 го прегази Стандард Лиеж и се пласираше во последната рунда, плејофот во Лига на шампиони каде ќе игра против Динамо Киев. Во текот на мечот со Белгијците, Хунтелар и другарите демонстрираа прекрасен фудбал
Најдобрите топ 5 лиги во Европа, а и други, решија да користат ВАР (видео-повторување на спорните моменти), само Англичаните и УЕФА за Лига на шампиони и Лига Европа одбија да го употребуваат системот кој докажано ја подобрил играта.
Додека читавме како македонската претставничка на трка од Европското во атлетика заврши убедливо последна, па уште и позираше со гест „двоглав орел“ кој знаеме што означува, Белорусинката Мазуренок направи надчовечки подвиг до златото.
Додека повеќето европски клубови се решаваат за стандардна, веќе видена промоција на новиот дрес за новата сезона, италијанскиот второлигаш Венеција се реши за нешто друго за гостинската варијанта.
Откако и официјално Кеита Балде потпиша со Интер, во мода се врати едно старо видео од 2005 година каде малиот Сенегалец тренирал во школата на Барселона каде главен играч беше Ето.
Бразилецот Ришарлисон (21) летово дојде во Евертон од Вотфорд за сума од 35 милиони фунти и веднаш стана миленик на навивачите. Во првото коло од Премиер лигата даде два гола на гости против Вулверхемптон, а на крајот од мечот израдува едно мало девојче.
Родриго Коха е 38-годишен бразилски сурфер кој покорил гигантски бран висок 24,3 метри. Претходниот рекорд го држеше Американецот Гарет Мекнамара кој во 2011 година сурфал на бран висок 23,7 метри.
Толку била фасцинирана од неговиот талент за фудбал што решила да замине од Њујорк каде немало доволно добри тренери и да се пресели некаде во Европа каде малиот Давид Банда ќе гради фудбалска кариера.
Ова може да го класифицираме како кривично дело. Фаулот кој го прави репрезентативец на Бурунди над капитенот на Танзанија до 17 години Абрахам Морис е за доживотна суспензија.