Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Искуството на Рамстор пресудно во дуелот со Маркарт

Во вториот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Уника, Рамстор и Матрикс.

Дечки ај по бурек и двајцата

Иако е млад, има само 21 година, сепак Осман Дембеле знае да ги праќа постарите по бурек. На Вечино му рече оди по четврт со сирење, а на Брозовиќ со месо. Овие синхронизирано заминаа.

Буфон и насмевката пред пеналот на Наполи

Еден од најголемите на сите времиња, во ПСЖ почесто е на клупата за резерви а прв голман е младиот Ареола. Џиџи синоќа доби прилика да брани против Наполи каде добро го познава амбиентот и противникот. Токму Џиџи го спаси ПСЖ од пораз со неколку интервенции.

Од отпишан џокер, нарекуван шперплоча до најголем херој на Ѕвезда

Кога Милан Павков му го даде вториот гол на Ливерпул изјави дека не бил свесен што направил, а како ли да биде кога зборуваме за напаѓач кој до скоро играл во трета лига, а почнал како играч од среден ред. Кариерата му се променила по една средба на бензиска пумпа.

Да чекаш рефрен за да се стресе вулканот Везув

Откако врзаа неколку сезони во елитната Лига на шампиони, навивачите на Наполи едвај чекаат да ја видат мушамата која што се тресе на сред терен и рефренот од химната на ЛШ: The Champiooooooons!

Малком од Барселона се расплака по голот против Интер

Чувство на слобода, среќа, радост но и гнев зошто не игра воопшто за клубот кој го плати цели 40 милиони евра пред само пар месеци.

Фотографот со најјакиот кадар на Маракана

По времето на Панчев и Најдоски, навивачите на Црвена Ѕвезда синоќа го имаа најубавото и најслаткото уживање во ЛШ, за каде метчаеа  да се пласираат скоро три децении. Навивачите долго ќе си ја прераскажуваат синоќешната шлаканица на европски вицепрвак, а само еден човек може да објасни како изгледаше тоа од најгоре.

Што означува симболот кој го носеше Јирген Клоп на јакната во Белград?

Еден детал кој тренерот на Ливерпул го носеше синоќа за време на мечот Црвена звезда - Ливерпул ги заинтригира како домашните, така и странските новинари. За каков симбол станува збор?

Во меѓувреме одиме во Јапонија кај доктор Иниеста

Бидејќи сигурно не следите јапонско првенство, да потсетиме дека таму во клубот по име Висел Кобе игра еден дечко по име Андрес Иниеста. Среќа “не знае“ да додава човекот, па во тандем со Подолски се случи ова.

Мбапе не е ова Дижон или Амиенс

Ако некој напаѓач во моментов е ултра брз и тежок за чување, тоа сигурно е Килијан Мбапе, ама па ако некој дефанзивец е ѕид тежок за поминување, тоа е Калиду Кулибали кој секој би го посакал во одбрана. Сенегалецот му покажа на најславниот тинејџер дека во Неапол не се минува така едноставно како што мисли.

Најлошиот волеј виден во ЛШ

Порто го декласираше Локомотив Москва со 4:1 со што го исфрли и математички од некакви шанси за нокаут фаза. Русите имаат 0 бодови, а оценка нула треба да добие и овој удар на Португалецот Едер кој се посрамоти за сите пари.

Кореографијата и навивањето на Делиите за Црвена звезда - Ливерпул

Некогашниот европски шампион се врати на патот на некогашната слава откако со 2:0 го совлада големиот Ливерпул. Навивачите на Црвена звезда сонуваа ваква вечер и после речиси три децении ја досонуваа. Спремија и убава кореографија, навиваа одлично а на крајот и прославија со играчите.

Икарди му донесе голем бод на Интер, нерешено и меѓу Наполи и ПСЖ

Атлетико Мадрид ѝ се реваншираше на Борусија Дортмунд, Тотенхем славеше против ПСВ по пресврт во финишот а Порто со 4-1 ја згроми Локомотива Москва.

Сензација во Белград, Црвена Звезда го совлада Ливерпул!

Белградска Црвена Звезда ја слави најголемата победа во клупската историја по европската титула во Бари, откако вечерва со два прекрасни гола на младиот центарфор Милан Павков го скроти европскиот вицешампион Ливерпул.

Фудбалерот на кој Ибра нема да може да му ја скрши и другата нога

По 18 годишна кариера сиромашна со трофеи, 109 настапи за репрезентација и загубено мундијалско финале во 118 минута, Рафаел ван дер Варт му кажа збогум на фудбалот. Со Златан во Ајакс не помина баш добро.

Аргентинец од Зенит намерно добил црвен картон за да гледа Бока - Ривер

Во рускиот фудбал се отвори полемика околу намерните и многу ризични стартови на Леандро Паредес во кого сомневаат дека намерно направил црвен картон за да земе слободни денови.

Фудбалерот на Манчестер кој има два клуба и помага во своето село

Немања Матиќ е човекот чии корени водат и до тетовската околина поради што брат му во еден момент можеше да заигра за репрезентацијата на Македонија. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед важи за голем патриот кој деновиве се најде на удар на британските медиуми.

Џузепе Меаца е мал стадион за навивачите на Интер

Италијанските клубови генерално имаат проблем низ годиниве со полнење на стадионите и во посетеноста каскаат многу зад Англичаните и Германците, каде културата и организација се на друго ниво. Интер се двои по овие параметри и гази со бројки.

Хроничниот алкохоличар кој му ја донел првата титула на Баерн Минхен

Славниот германски гигант првпат ја почуствувал власта пред половина век, кога хрватскиот тренер Бранко Зебец ги водел Франц Бекенбауер, Милер и останатите легенди на баварскиот клуб. Но страста за чашката му била поголема од страста за фудбалот.

Едно од најјаките индивидуални мајстории на Тоти

Рома со двата гола на Тоти и еден на Монтела пред точно 13 години го совлада Интер на гости со 2:3. Тренер им беше токму Спалети кој сега седи од спротива. Ако некој гол треба да се издвои, величи и потцрта од кариерата на легендарниот Франческо Тоти, тогаш ова е тој. Ги изеде Камбјасо и Ѕе Марија, а потоа Цезар џабе се истегна. Му аплаудираа и навивачите на Интер. 

Кошаркарска одбрана на Сисоко на аут линија

Водиш 2:3 на гости, се игра последната минута од судиското продолжение, противникот ти изведува аут на твоја половина, а прашањето е како да ги искористиш сите механизми во одбрана? Едноставно е, ќе се претвориш во споменик.

Ова е чист пенал и црвен за тревата

Не знаеме да си објасниме како му успеа ова, ниту вие ќе сфатите, а верувајте дека па тој најмалку знае да објасни и едноставно ќе сака некако ако може ова да не се случеше. Сандро Рамирез во епизодата “самоубиство“.

Вип и Сава Осигурување ги поделија бодовите

Лукоил и С.Ц. Борис Трајковски славеа победи во првиот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија.