Лена Кристин Хонстад и нејзиниот петгодишен син Сигве шетале по брегот кога малиот нашол запечатено шише од сок со парче хартија внатре.
Го отвориле кога стигнале дома. А внатре стоела оваа порака:
Во превод:
„Раскажете како го најдовте ова писмо? Јас сум Нејмар да Силва Сантос Жуниор. Решив да пратам писмо во шише а тебе ти се погоди да го најдеш. Ако сакаш да бидеш добар фудбалер, треба многу да тренираш.“
Лена Кристин за норвешките медиуми рекла дека не разбрала ни збор од јазикот на кој било напишано писмото па го сликала и го ставила на Фејсбук. Таму некои пријателки брзо и помогнале да го преведе.
„Обично кај нас на брегот излегуваат разни предмети. Шишиња исто има многу, но обично тоа е просто ѓубре и не го чепкаме. Сега првпат гледаме писмо. Интересно би било ако некој може да дознае дали Нејмар навистина го пишал тоа писмо?“
Малиот Хонстад рекол дека шишето многу смрдело и дека цело било црно од мувла. Изгледало како да било океанот многу години.
Нејмар сега има 26 години а ракописот изгледа детски, па среќните пронаоѓачи мислат дека Бразилецот можеби го пуштил шишето во океанот во Бразил пред 10-15 години.
Интересно е што пар месеци пред да го најдат писмото во шише, Сигва почнал да игра фудбал и зборовите на Нејмар му дошле во прав момент. Откако родителите му покажале видеа со Нејмар, малиот добил нов омилен фудбалер и идол.
Сега се очекува одговор од Нејмар па да почнеме да веруваме во чуда!