Не му ја мисли ако ти опаѓа косата, и Гвардиола имаше бујна па оќелаве

Со многу шеги на своја сметка за ќелавоста, најдобриот тренер на денешницата покажува дека нема комплекс од тоа што косата нагло му опаднала и дека не пресадува коса како некои други негови колеги, со цел да го „покрие срамот“.

Центар за борба со паѓање на косата The Belgravia се рекламирал преку пример со Пеп Гвардиола. Сајтот joe.co.uk направил список со неколку глупави фризури кои (не) би му стоеле на Пеп, а дури и на форум за проќелавени луѓе Hairlosstalk имало дебата дали на Гвардиола му стои ќелавица или не (таму се згрозувале од полу-ќелавоста на Арјен Робен).

Ќелавицата на Пеп денес е симбол на англиската Премиер лига исто како и наочарите на Клоп.

ГВАРДИОЛА ОЌЕЛАВЕЛ ОД СТРЕС, МУРИЊО ПРАВЕЛ ШЕГИ ЗА ЌЕЛАВИЦАТА НА ПЕП

Официјалната верзија за опаѓање на косата на Шпанецот е стресот од тренерската работа. Драстичното опаѓање на неговата коса може да се види преку фотографиите од неговата кариера.

На сите слики од играчката кариера на Гвардиола, тој има густа црна коса:

На пример во Бреша на 30 години веќе 

Во 2008 година, во моментот кога го назначија за главен тренер на Барселона на неговата коса уште имаше коса, иако претходно кога ги тренирал младинците на Барса веќе забележал дека му опаѓа косата.

Од тогаш натаму, Пеп оќелавувал нагло и во неверојатно темпо.

Во 2009 година се прослави кога ја однесе Барса до тројна круна а Каталонците го играа најубавиот фудбал некогаш виден на терените, и веќе тогаш му се забележуваа залистоци:

Во 2010 Пеп го загуби легендарниот меч со Интер на Мурињо и тогаш на тој натпревар косата веќе забележително му беше опадната.

Во исто време Гвардиола почна да го негува култот на пуштање брада која што сосема добро му стоеше на ќелавоста.

Во 2012 година, Пеп замина од Барселона, а на прошталната прес-конференција неговата ќелавица веќе сјаеше како светла лампа:

Во 2014 година, Жозе Мурињо го закачкаше Гвардиола за ќелавоста.

„Кога си задоволен од својата работа, значи дека не губиш коса. Гвардиола ќелаве, што значи дека не е задоволен од фудбалот“, изјавил Мурињо.

Некогашниот фудбалер на Барселона, Рома и Бреша никогаш не ојбаснил отворено зошто така брзо оќелавел, но неколку пати зборувал од околу дека тоа е поради стресот.

Во 2010 година Пеп коментирал една изјава на Мурињо кој рече дека на Гвардиола треба да му дадат 50-годишен договор на „Камп Ноу“:

„Ако за само две години изгубив толку коса и оќелавев, замислете каков би бил после 50 години“, се насмеал тогаш тренерот на Каталонците.

Имаше уште еден момент за неговата ќелавост, кога во интервју за The Guardian во 2017 на прашањето: „Претходно зборувавте дека ги изучувате последните шест меча на вашиот следен противник. Уште ли го правите тоа?

- Го правев тоа кога бев помлад. Од толку изучување на играта на противникот ја изгубив косата.

****

Теоријата дека Пеп оќелавел од стрес на работа може да е вистинита.

Опаѓањето на влакната поради стрес (стручно познато како алопеција) не е стереотип, туку реален проблем. Статистиката на Меѓународната организација за здрава храна утврдила дека секој петти маж во животот страдал од алопеција.

Во моментот на силен стрес, во организмот се појавуваат дополнителни хормони кои влијаат на влакнените фоликули на главата. Сите тренери се под стрес, но важно е да се спомене дека Гвардиола е навистина посебен фудбалски тренер. Тој манијакално ја работи својата работа и просто не знае за доста.

Многу негови соработници раскажувале дека тој знаел да не спие по 24 часа и да гледа видео снимки од натпреварите.

За тоа пишува и шпанскиот новинар Марти Перарнау во книгата: „Пеп: Доверливо“. Тој го набљудувал Гвардиола во текот на цела една година:

„Неговиот мозок работи како на шахист кој го проценува секој следен потег. Дури тогаш кога сите можни варијанти се изучени до најситни детали, Хозеп си дозволува одмор. А потоа почнува се од почеток. Манел Естиарте, неговиот помошник во Барселона и Баерн Минхен, тоа го нарекуваше ’законот на триесет и две минути’: Гвардиола никогаш не одмора повеќе од тоа, дури и кога Естиарте пробувал да го одвлече од работа.“

Но постои можност опаѓањето на косата и ќелавоста на Пеп да е наследна. Неговиот татко, Валенти Гвардиола исто така е проќелавен. Исто и брат му на Пеп, Пере Гвардиола (долу на фото) е апсолутно ќелав. Оваа хипотеза ја потврдува статистиката според која генот на ќелавост Sox21 во 90% од случаевите е наследен. 

После првите шест месеци во Англија, кога Сити почна со 10 меча без пораз но пред Нова година излезе од топ четворката, еден новинар го прашал Гвардиола дали размислува на отказ, а тој не го издржал ударот и елегантно одговорил:

„Премиер лигата е многу тешка лига. Јас треба да размислувам за пензионерските денови, можно е по работата во Англија ќе треба да пресадам коса како Конте“, се пошегувал Гвардиола на сметка на тогаш најголемиот конкурент во лигата.

Сите шеги на своја сметка за ќелавоста, докажуваат дека Пеп нема комплекс од опаднатата коса.