Со многу шеги на своја сметка за ќелавоста, најдобриот тренер на денешницата покажува дека нема комплекс од тоа што косата нагло му опаднала и дека не пресадува коса како некои други негови колеги, со цел да го „покрие срамот“.
Клиниките за пресадување коса со задоволство објавуваа дека еден Вејн Руни имал успешна трансплантација на коса и дека дошол моментот кога мажите веќе не мора да се срамат ако се решат на таков чин. И принцот Вилијам сакал да пресадува коса.