Offside

Младиот 22-годишен центарфор на Клуб Бриж Николо Тресолди е сензација на 2. коло на Лига на шампиони. Тој постигна 3 гола а можеше уште толку против Интер на гости во неверојатниот триумф на белгискиот шампион 3-4 на „Џузепе Меаца“. За него неколку месеци се борат селекторите на Германија и Италија Клоп и Манчини, а сега интерес покажува и Аргентина.

Стоиш на семафор и излегуваат формула механичари да ти менуваат гуми

На Јутјуб каналот на Eleven Sports Portugal се појави необично промотивно видео за новата сезона и првото Гран при во Формула 1 - во Австралија од 15 до 17 март.

Спалети, стави ја Ванда нека игра против Ајнтрахт на реваншот

Тренерот на Интер ќе има тешка задача да склопи екипа за реваншот со Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа во четврток. По првите 0:0 во Германија, на „Меаца“ нераѕурите ќе бидат практично без пола екипа поради повреди и суспензии.

Видео на денот за кое како да ви кажеме

Одиш во балон да играш со другарите фудбал, ама стигаш малце порано за да се загрееш и мислиш дека никој не те гледа. Не знаеме што друго да ви кажеме, а и не мора ништо да ви кажеме. Веднаш на плеј.

Гатузо до новинар: Да не те тепал некој што личи на Чалханоглу?

На волку многу испади на прес конференции во неговата до сега куса тренерска кариера, да не знае човек кој е побудала: фудбалерот Џенаро Гатузо или тренерот Џенаро Гатузо?

Играчите на Арсенал се загреваа, публиката побара да легнат за пеналот

Додека Пјер-Емерик Обамејанг се спремаше да изведе пенал за 2-0 против Манчестер Јунајтед, крај аут-линијата се загреваа Гендузи, Алекс Ивоби и Суарез. Гледачите од првите редови им бараат да легнат, за да може да го видат пеналот.

Херојската одбрана на Лено vs Лукаку

Манчестер Јунајтед синоќа имаше шанси за да се спаси од пораз и да ја продолжи успешната низа на Солскјер, но проблемот се викаше Бернд Лено. Обрнете внимание како му одигра еден на еден на Лукаку откако овој доби топка со очи од Рашфорд. Многу јака одбрана со нога е ова, шпага направи.

Како да го ослепиш голманот, а голот да биде регуларен?

Не се Швеѓаните толку поштени колку што мислите, особено кога ќе видите со колку вешти измами се служат на фудбалот. Па уште им пројде бе ова и никој не се побуни. Како така?

Маестрална акција на Иниеста, Давид Виља и Подолски

Шпанскиот волшебник и Германецот веќе беа во јапонскиот клуб Висел Кобе, каде од 1. декември 2018 им се приклучи и Давид Виља. На мечот вчера против Вегалта Сендаи ова трио направи чудесна акција која со гол ја заврши Виља.

Неверојатниот Рони О’Саливен постави рекорд и ја крена цела сала на нозе

Уметник кој е права привилегија да се гледа. Начинот и умешноста со која лесно ги внесува куглите е уникатен. Никој никогаш како големиот Рони.

Како изгледал првиот и последен Ол-Стар меч и забивањата некогаш во Југославија

Единствениот натпревар на „Сите ѕвезди“ во легендарната југословенска кошарка, се одржал во сараевската сала „Скендерија" на 7 мај 1991 година. Се одржувал духот на братство и единство, но се приближувал ужасот на војната.

Како тоа во ВАР собата немаше никој?

Мечот меѓу Ваљадолид и Реал Мадрид го одбележа една несекојдневна сцена на која се зачудија сите што го гледаа преносот. Среќа стигна објаснување, инаку ќе беше големата.

И снегот знае да игра со иле

Додека кај нас пукаше пролетно сонце, во Бундеслигата бараа црвена топка за да се гледа добро на мартовскиот снег. А тој па во една чиста шанса за Хановер интервенираше како стопер.

Најлуд голман на колото

Голманот на Милионариос, Вуликер Фаринез на мечот против Атлетико Насионал (1-1) имаше три генијални одбрани на кои не им оддолеа ниту официјалниот твитер профил на ФИФА.

Голем инцидент на дербито во градот на Peaky Blinders

Во 36 коло од англискиот Чемпионшип попладнево се одигра големото градско дерби Бирмингем - Астон Вила (0-1) кое во 10' минута на кратко го прекина еден идиот кој го нападна и удри со сета сила фудбалерот на Вила, Џек Грелиш.

Учинокот на Мончи во Рома: 81 милион евра во плус, 0 пехари

Претседателот на Рома, Џејмс Палота држел пенкало во рака пред листот со отказ за тренерот Ди Франческо по дебаклот во Фиренца, но Мончи го разубедил. Синоќа ги отпуштил и двајцата.

Судбината на Чех да брани против клубот кој го лансираше и на кој му најде голман

Арсенал даде гол во 3’ минута на гостувањето кај Рен и потоа прими три од клубот со кој голманот на „топџиите“ е многу приврзан.

Асистенција која се случува еднаш на 100 години

Мака ти е тебе на душата гледаме, ама да знаеш што работа си завршил со лежење, нема да ти се верува. Лежи таму и реди асистенции.

Најјакиот гол од акција без да тапне

Некои акции едноставно не се повторуваат, па ако сакате соберете ги на куп сите најдобри екипи на планетава познати по тимски фудбал. Ваков цик цак не се вежба ни на тренинг, туку се случува еднаш во животот. Па ова е просто нестварно колку е добро. 

Во неизвесна завршница Еуро Табак подобри од Рамстор

Екипите на Макпетрол, Матрикс и Еуро Табак го заокружија 15. коло со победи во Бизнис лигата на Македонија.

Среќа или знаење? Со 2 тикета од 20 денари ќариле 2,7 милиона во „Sport Life“!

Двајца играчи ќе инкасираат милионски добивки од „Sport Life“ – Драчево, како резултат на нивната игра во изминатиот викенд.

Хрватска од 2020 ќе има два претставника во квалификации за Лига на шампиони и три во Лига Европа

Динамо Загреб ја игра можеби најдобрата сезона во Европа во своето постоење, а нивните неверојатни победи во ЛЕ ѝ донесоа на Хрватска два клуба во квалификациите за Лига на шампиони од сезоната 2020/2021.

Ви текнува на фудбалерот во Турција што бодеше? Му ја изрекоа казната

Безумието кое го направи полу-терористот полу-фудбалер Мансур Чалар на мечот меѓу Амедспор и Сакарјаспор, доби очекуван епилог.

За едно легендарно ракување во НБА лигата

8 април 2003-та: Едно младо момче по име Леброн Џејмс се поздравува со својот идол Мајкл Џордан.

Дежа Ву голчиште на Вилијан

На 4 ноември Челси играше против Динамо Киев во ЛШ, а вчера се сретнаа во ЛЕ. Вилијан имаше можност да шутира слободен удар на двете средби од речиси идентична позиција. Пронајдете ги разликите. Ние забележавме дека пред 4 години голманот барем се фрлил, а вчера остана како кип.