Offside

Втората вечер од 2. коло во Лига на шампиони донесе неверојатни резултати. Дерби дуели се играа во Рим и во Манчестер. Мурињо се врати на „Олимпико“ каде пред неколку години ја водеше Рома и со Реал направи сензационален пресврт. Домаќинот водеше 3-1 до самиот финиш а гостите од 83' до 90' минута дадоа три гола и славеа после пресврт.

Голман го прекрши Вејн Руни

Играл Вејн по секакви терени во Англија и се челичел по пабови, ама ваков старт од голман во кариера не доживеал. Мет Тарнер од Њу Ингланд доби директен црвен по овој старт, а Руни во 97-ма минута од пенал му донесе бод на неговиот Ди-Си Јунајтед (1:1).

ЕХФ за Вардар: 10 причини зошто пак ќе бидат европски прваци

Пред стартот на сезоната, Европската куќа на ракометот не го ставаше Вардар ниту во топ 10, арно ама бандата на Парондо се покажа до толку дрска што успеа да стигне до Фајнлфор. Причина сега ЕХФ на својот сајт да објаснува зошто ќе освојат ЛШ.

Аталанта изгази сезонава за сите пари и заслужено ќе игра ЛШ

Секоја чест за владетелот Јувентус, но оваа сезона аплаузите ги собра клубот од Бергамо кој има 23 борци кои направија дар мар во Италија. Дечките одиграа фантастично до крај и скроз заслужено обезбедија дебитантски пласман во елитата.

Градот кој 11 години чекаше трофеј, конечно на 100-годишнина го дочека

Фудбалскиот клуб Валенсија е основан во 1919 година, така што годинава слави 100-ти роденден. Фудбалерите и тренерот Марселињо спремија торта, а навивачите ставија јагодка на шлагот.

ФФМ угледај се на колегите од Грузија

Паричната награда која што УЕФА ја доделува на секој победник на група во Лигата на нации, фудбалскиот сојуз на Грузија решил да го подели за три добротворни здруженија во земјата кои помагаат потешко заболени деца.

Стани најдобрата верзија од себеси во новите ADIDAS KHOE RUN!

Sport Reality оваа сезона ви претставува патики за трчање кои еднакво ќе ги посакуваат како професионалните тркачки, така и девојките кои преферираат лежерни градски прошетки.

Го имаме идиотот на денот

Чарлтон е новиот второлигаш кој синоќа го доби Сандерленд со 2:1 во плејоф меч вреден пласман во Чемпиошип. А овој е навивач на Сандерленд кој е поразен и во главата која од што му е шуплива, не осеќа болка. 

Сте го виделе ли најубавиот фудбалски пејзаж во Европа?

Фудбалот на Фарски Острови е аматерски, лигата полу-професионална. Играат келнери, монтери, доктори, точкари и водоинсталатери. Ама кога ќе видите кај играат, ќе им позавидите.

Најдобрата мачка-голман на светот

Навивач на Јувентус решава да ја снима својата домашна мачка за која некој второ или третолигаш би требало сериозно да размисли да ѝ понуди договор.

Кога судија ја пишал 5+

После мечот од 4-та холандска лига меѓу Харкемас Бојс и ХСВ Хоек може да кажеме дека сме виделе сè. Еден од стрелците на мечот беше и главниот судија кого топката го удри во лева нога и заврши во мрежата по хаос во шеснаесетникот. Мртов ладен го призна голот со кој Хоек намали на 3:2 и покажа кон центарот. На крајот мечот заврши 4:2.

Тахикардија моментите на Меаца

Тахикардија е симптом кој претставува покачување на бројот на чукања на срцето (срцева фреквенција) над физиолошките граници. Синоќа на мечот Интер - Емполи тој симптон го имаа сите од прва до 99-та минута, а да не зборуваме за последните 15 минути.

Емотивно испраќање на последниот гладијатор

Откако со солзи го испратија Франческо, навивачите на Рома синоќа се збогуваа и со неговиот наследник, најголемиот фајтер кој ја носел капитенската лента, Даниеле Де Роси.

Невидена контрола на топка во украинска лига

На мечот Лавов - Олександрија во украинското фудбалско првенство, Бразилецот Педро на многу блесав начин исконтролира едно додавање.

Тројца несреќници се удрија во ѕидот по име Јап Стам

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен организираа фудбалски спектакл по повод 20 години од јубилејното историско финале во ЛШ, ама со актерите од тогаш. На Јап Стам е полошо да му влезеш во дуел еден на еден сега на 46 години отколку тогаш. За 3 секунди, тројца ги легна на нозе.

Луда завршница во Серија А, Пандев и Џенова едвај се спасија

Заврши сезоната и во италијанскиот фудбал. На Јувентус и Наполи во Лига на шампиони ќе им се придружат Интер и Аталанта, а од лигата испаѓа Емполи кој има исто бодови, но послаба гол разлика од Џенова на Пандев.

4.00 коефицент дека некоја гола будала ќе упадне на Ролан Гарос

Стартува најпознатиот тениски Гренд слем на светот. Првпат после 2015-та се враќа Роџер Федерер, а токму Швајцарецот имаше две необични искуства на терените во Париз. И не само тој.

Кога голман многу го сака Робин Ван Перси

Затоа Ноер е Ноер. Не може секој голман да пробува работи кои не му се во доменот. Или може, ама ќе заврши како овој.

За навивачите на Интер викендов има две опции: фешта или војна

Неколку италијански екипи утре ги чека она „Да се биде или не“. Едни ќе слават, други ќе плачат, ама навивачите на Интер најавуваат дека ако треба и “ќе војуваат“. Целта е јасна, Лига на шампиони и ништо друго.

На Тоти најде така да му правиш?

Кој знае колку е во облаци момаков за овој мајмунлук кој му го направи во фаца на иконата на Рома, ама на крај некако во вода му пропадна фората.

Многу штосен хајлајтс од сезоната на Шалке

Нив уствари ова им е сезона за заборав бидејќи завршија на катастрофалната 14-та позиција со ужасен скор од 8 победи, 9 нерешени и 17 порази. Ни Европа, ни бутур, за опстанок се бореа. Арно ама на 4 кола до крај го одиграа мечот на сезоната со кој се спасија, а на противникот му ги расипаа шансите за титула.

Кој бил најмногу втор во Серија А?

Наполи во ерата на Де Лаурентис создаде силен состав кој му парира на Јуве, ама никако не успеа да му го грабне врвот. Но никој како Рома во однос на ова прашање. 12 пати заглавиле на втора позиција во 4 децении.

Што гледаше Мурињо по дома на мобилен на 22 мај?

Поминаа 9 години од тој незаборавен 22 мај во Мадрид, кога Интер ја освои ЛШ во годината кога стигна до историската тројна круна. Незаборавен и за нас, бидејќи во тоа славно друштво е и Горан Пандев со македонското знаме на гради. Интер - Баерн 2:0 со двата гола на Милито.

Ти со Господ да не си вечерал?

Прво го помина еднаш, па потоа го уништи, па му дојде друг и веќе не е интересно да ви вршиме пренос. Ова се гледа на рипит.

Навивачите на Ајнтрахт пред време купиле карти за финале и сега ги даваат на сиромашни деца во Баку

Со прекрасен фудбал им пркосеа на богатите клубови, а тоа што го правеа и го прават навивачите на Ајнтрахт е запрепастувачки добро.