Стани најдобрата верзија од себеси во новите ADIDAS KHOE RUN!

Sport Reality оваа сезона ви претставува патики за трчање кои еднакво ќе ги посакуваат како професионалните тркачки, така и девојките кои преферираат лежерни градски прошетки.

Ако ова лето планирате да купувате патики за трчање, Sport Reality е идеално место да пронајдете неколку модели кои се истакнуваат со својот квалитет, дизајн и перформанси. Меѓу нив, посебно внимание заслужуваат новите ADIDAS KHOE RUN патики.

Лесната пропустливата мрежа од која се направени овие патики овозможува одлично проветрување на стапалото во текот на летните месеци. Патиката се прилагодува на обликот на вашето стапало и нуди максимална амортизација при контакт на стапалото со тлото.

Посебно дизајнираното зајакнување на средниот дел на стапалото, како и препознатливите три ленти на ADIDAS од секоја страна, придонесуваат моделот да изгледа доста елегантно и привлечно.

Специјалната OrthoLite влошка и големиот број на меки перничиња обезбедуваат извонредна удобност при секојдневно трчање или долги прошетки, а исклучително квалитетниот и издржлив гумен ѓон дава дополнителна стабилност и ги заштитува патиките од абење.

Комерцијален текст

27 мај 2019 - 11:16