Разврската во последното коло од Серија А ќе биде опасна за 8 екипи. Пола од нив се борат за ЛШ, а другите за опстанок.
За Интер опциите се јасни. Со победа на домашен терен ќе направат кам бек во елитата, но кај навивачите очигледно постои малку страв бидејќи играат против Емполи, екипа која не смее да си дозволи пораз, бидејќи во тој случај можно е да стане второлигаш.
Момците на Спалети се во лоша серија од само една победа на последните 4 средби. Од таму и ова соопштение на навивачката група на Интер која нејќе да чуе ништо друго освен пласман во ЛШ.
Нема никаков изговор, никаква прошка, во недела со муда на терен. Ние ќе ве поддржиме 90 минути како да сме повторно во Мадрид (каде се играше финалето на ЛШ 2010), но на крај ќе биде фешта или војна.
Го поддржавме изборот на соблекувалната да го исклучи Икарди, но сега соблекувалната треба да ја преземе својата одговорност.
Ќе дадеме сè за да го поддржиме Интер, но ако не успеете да ја постигнете целта битката нема повеќе да биде за да се отстрани Икарди, туку ќе бараме тоа да важи за сите тие кои ќе бидат негативни протагонисти оваа сезона.
И покрај се ние остануваме уверени дека ова може да заврши со остварување на важната целта за која сигурно нема да бидеме отсутни да ја прославиме.