Во Валенсија на времето имало позната река Турија, која што по една катастрофална поплава во 1957 година во која 60-ина луѓе загинале а три четвртини од градот биле поплавени, градските власти решиле да ја пренасочат.
Планот „Сур“ (Југ) бил многу тежок и речиси невозможен, но жителите на Валенсија со тамошните власти во 1969 година успеале да го исполнат.
На барање на локалното население, речниот брег (корито) било претворено во прекрасен парк, денес познат како Jardín del Turia, една од најголемите знаменитости на градот.
****
Пред финалето на Кралскиот Куп со Барселона, во паркот Турија организирале цел фестивал во чест на Валенсија: музика, огромен видео бим на кој се пренесувало финалето од Севиља, многу скари и огномети. Спремиле и гигантска паеља со која што навивачите се гоштевале.
А потоа се случи она кое ни најоптимистичниот навивач на „лилјаците“ не би го помислил: 655 километри подалеку, фудбалерите на Валенсија ги скротија Меси и другарите, победија со 2:1 и славјето можеше да почне.
Преку 30.000 навивачи на Валенсија беа присутни на стадионот „Бенито Виљамарин“ во главниот град на Андалузија, а останатите славеа дома. Валенсија цели 11 години чекаше на трофеј и го дочека на 100-годишнината од основањето!
Последниот пехар кој претходно го донесоа Мата, Давид Виља и Давид Силва беше исто од Купот на Шпанија, во 2008-ма година. Во меѓувреме во клубот беше хаотично. Се менуваа управи, тренери, играчи, а Валенсија во еден момент беше пред стечај поради огромни долгови.
Еден од многуте тренери кои проба, но не успеа беше и Роналд Куман. Холанѓанецот беше отпуштен поради несогласувања а на заминување рекол дека клубот нема ништо да освои во следните 10 години. Ова не звучело како проклетството на Бенфика, туку како болно предсказание.
Во последните пар сезони, под водство на фантастичниот тренер Марселињо, Валенсија се препороди. Сезонава стигнаа до полуфинале на Лига Европа, обезбедија пласман во Лига на шампиони за следната сезона и го освоија Купот и тоа против Барселона.
Прославата во градот и на стадионот во Севиља можеше да почне:
Екипата и стручниот штаб утредента биле пречекани на стадионот „Местаља“: