1. Форматот
Заради учеството во СЕХА лигата, Вардар собра огромно искуство од играње завршни турнири и знаеа како да се справат со притисокот на двата најважни натпревари во сезоната. Вардар 5 пати ја освои СЕХА лигата, повеќе од кој било друг тим во ова натпреварување.
2. Тимур Дибиров
Левиот бек на Вардар е едно од најмоќните оружја на Вардар. Тој е познат по крадење топки од раката на противникот, а притоа има едни од најдобрите „спин-удари“.
3. Повторување на историјата
Во 2017-та година Вардар пристигна во Келн како аутсајдер, најмногу поради фактот дека во полуфиналето требаше да се сретне со најтрофејниот клуб Барселона. „Црвено-црените“ со гол во последната секунда ги победија шпанските фаворити, по што добија дополнителна енергија за во финалето да го победат и ПСЖ. А во 2019-та? Повторно во полуфиналето играат со фаворитот Барселона.
4. Ел команданте
Раул Гонзалез останува „таткото“ на РК Вардар. По препорака на Талант Дујшебаев, создаде една успешна база. Со ПСЖ не успеа сезонава, но Вардар сигурно за него ќе се обиде повторно да дојде до европскиот врв.
5. Стојанче Стоилов
Силниот кружен напаѓач е повеќе од капитен. Тој е лидер кој не се предава, мотиватор и силата на тимот. Дури и кога нема повеќе да игра еден ден, тој и натаму ќе го носи вардаровиот дрес.
6. Тренерот
Роберто Гарсија Парондо очигледно знае како да го најде патот до успехот. Кога заминаа ѕвездите Штербик, Циндриќ, Македа и Канељас, тој создаде нова екипа.
7. Дејан Милосављев
Голманите се клучни во битките за трофеите, а Вардар во своите редови има голем адут кој нема трема на големите натпревари. Милосављев го наследи големиот Арпад Штербик во голем стил. По неговите настапи против Загреб и Сегед, младиот Србин во Келн ќе ги игра најголемите натпревари во кариерата.
8. Домашните навивачи
Како и во 2017-та година во Скопје се организираше „црвено-црна“ парада, и сезонава создаваат еуфорија која им дава дополнителна енергија на ракометарите.
9. Игор Карачиќ
Играчот кој изминатава сезона беше еден од најдобрите ракометари на Вардар, сигурно ќе сака да се збогува со титула. Неговите асистенции и голови го визираа патот до Келн, а најголемите потези на наследникот на Циндриќ се очекуваат.
10. Несигурната иднина
Приказната на Вардар ќе продолжи, но дали ќе имаат шанса повторно да стигнат до Ф4 во ЛШ? Никој не знае. Ова може да биде нивен последен голем настап барем засега. Па тоа е дополнителна мотивација за ракометарите.