Offside

Втората вечер од 2. коло во Лига на шампиони донесе неверојатни резултати. Дерби дуели се играа во Рим и во Манчестер. Мурињо се врати на „Олимпико“ каде пред неколку години ја водеше Рома и со Реал направи сензационален пресврт. Домаќинот водеше 3-1 до самиот финиш а гостите од 83' до 90' минута дадоа три гола и славеа после пресврт.

Клубот кој го создаде Горан Пандев за младите и брат му

Налетавме на текст за Академија Пандев која 9 години по формирањето на академијата и 5 години откако има прв тим, успеа синоќа да го освои Купот на Македонија. Го објавил португалски сајт пред два месеци со помош на еден од дечките кои го работат macedonianfootball.com.

Роденденот на Икер Касиљас ќе стане Ден на голманите во Шпанија

Кралската шпанска фудбалска федерација реши со голем гест да го испочитува ликот и делото на легендарниот Икер Касиљас којшто неодамна на тренинг во Порто доживеа срцев удар и веројатно ќе ја заврши кариерата.

За малце махер, бидна малер па махер

Имаме писмо на читателот Мирослав кој ден после корекцијата на Евровизија со гласовите од Белорусија сфаќа дека се офајдил. Правдата е задоволена и за Тамара и за Мирослав.

10 интересни и малку познати факти за Тотенхем кои не сте ги знаеле

Иако во изминатите децении Тотенхем беше надвор од првата топ четворка на англискиот фудбал, овој клуб важи за еден од најстарите на светот и за првиот англиски клуб кој освоил европски трофеј. Спарс имаат богата историја која годинава го достигнува врвот.

Па дали си ти нормален од каде ја опали?

Сите од таму нафрлуваат, подаваат, размислуваат како да градат акција, овој не. Од крајот на светот ја даде и тоа во агол, кај што не се брани. Што лоб ќе беше ова?

Фабрика Карпош – ГИМ со одлично второ полувреме до победа над Уни Банка

Екипите на Македонски Телеком, Сава Осигурување и Фабрика Карпош - ГИМ славеа победи во третиот ден од 25. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Какво голчиште на Пандев

Само пет години откако го формираа клубот, Академија Пандев успеаа да стигнат до пехарот во Купот на Македонија, што ќе остане запаметен како нивен прв историски успех. На Градски беше возбудливо. 2:2 во регуларниот дел и 4:2 на пенали. Го издвојуваме евроголот на брат му на Горан, Сашко Пандев кој воедно е капитен на тимот.

Има причина зошто ја сакаме полската лига

Полската Екстракласа секој втор викенд носеше по некоја добра зезалица или добар гол. Еве компилација од сите смешни инсерти во лигата која на крај за првпат во историјата ја освои Пјаст Гивице.

Уште цицаат, а веќе имаат сезонски билети и тоа доживотни

Една многу ретка и необична вест пристигна од Полска на која неочекувано реагираше дури и фудбалски клуб. Кај нас сличните вакви подвизи проаѓаат со сликање, паради, давање телевизор или парична помош од 500 евра, но во земја на ултраси друг е муабетот.

Роџер Федерер не е од планетата земја

Најголемиот тенисер на сите времиња тренираше на Ролан Гарос првпат после четири години отсуство од овој турнир поради повреди. И направи еден прием каков што не сме виделе во тенисот.

Малку забава со видео направено од монтажер бадијалџија

Кога сфаќаш дека понудата во оваа спортска среда се состои од натпревари на Пескара, Пиза, Минесота Јунајтед, Тун, Домжале, како и норвешки куп, седнуваш и наоѓаш ваква занимација.

Слушнавте ли за студентите од Велс што ќе играат квалификации за Лига Европа

Најголемо изненадување на сезоната се сметаше Ајакс, но од пред неколку дена малиот Кардиф Мет Универзитет од Велс од нигде никаде му го зема приматот на славниот клуб од Амстердам.

Кога Фичо во 93-та му го донесе првиот Куп трофеј на Ѓорче

Ако на некој денеска му е тапа без фудбал, може да си ја направи средата спортска и да гледа финале во Купот на Македонија и тоа за 100че. Одиме со едно ретро токму поради тој повод.

Викенд на емотивни збогувања во италијанското првенство

Во Јуве, Рома, Милан и Киево ништо повеќе нема да биде исто од следната сезона. Дојде време да се разделат со нивни славни имиња кои со солзи се збогуваа и покрај тоа што имаат по уште еден меч. Важни моменти им се случија на Парма и Болоња.

Ебате политиката ебате

Тензијата меѓу Азербејџан и Ерменија која трае неколку децении придонесе еден од најдобрите играчи на Арсенал и сигурно да го пропушти епското финале на Лига Европа против Челси.

Џонсон Мети во последните минути од натпреварот до победа над Вип

ЕЛЕМ и Џонсон Мети славеа победи во вториот ден од 25. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Пекабеско ја доби службено.

Берберот на Меси и приказната за брадата

За разлика од Миле Јединак, Џејмс Харден или Рурик Гисласон, најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, одвреме-навреме ја бричи брадата па пак ја пушта. Првиот пат ја пуштил поради суеверие и што другарите го убедувале да не се бричи.

Нема поубаво од тоа кога пее цел стадион

Бенфика е најтрофеен клуб во Португалија со 82 трофеи од кои рекордни 37 првенствени титули. За нив се вели дека имаат 14 милиони навивачи низ светот и рекордни 206.437 членови во својата земја. Погледне колку се внесоа и уживаа славејќи ја последната. Плус некаде на пола ќе згрмат и акапела.

Како бе дете ти успеа ова?

Рабона ударот е многу тежок за изведување или само така изгледа? Ајде за мајсторите јасно е дека не им е проблем, ама детево од норвешка петта лига? Па уште од 20 метри.

Емотивно збогување на Рибери со навивачите на Баерн

Кога тогаш мораше да и дојде крај и на оваа приказна која во бројки вели вака: 12 сезони, 423 меча, 123 гола, 183 асистенции, 23 трофеи. Франк Рибери си оди од Баерн Минхен гордо и многу многу емотивно, како фудбалер со рекордни 9 титули во Бундеслигата.

Се знаат цените на влезници за Европско првенство 2020

Европската фудбалска унија (УЕФА) преку својот сајт соопшти информации околу влезниците за Европското првенство 2020 година. Ако Македонија го мине плејофот и обезбеди учество, ќе може да се следи за пристојна цена на карти.

Рикелме фраериште старо

Ќе ја паметиме како култна аргентинска десетка која остави најголем белег во Бока Јуниорс со кој освои 10 трофеи од кои 3 во Копа Либертадорес. Многу му работеше тоа акалот со топка. Погледнете каква фитна му продаде на ова гревов.

Мангупски потег на навивачите на Лацио

Скоро две децении го мразат и го плукаат, ама на крајот сепак реалноста е дека без непријател како него немаше ривалството да го има истиот драж.

Како се славеа шампионски титули низ Европа

Некој по којзнае кој пат, некој првпат, некој вторпат. На Стариот континент се прославија многу шампионски пехари а прваците ги чека нова европска сезона после летните одмори.