ПРВПАТ ПУШТИЛ БРАДА ЗА КОПА АМЕРИКА 2016, СОИГРАЧИТЕ БИЛЕ ВООДУШЕВЕНИ
Од мај до јуни 2016-та, Аргентина се спремала за Копа Америка а на 27 мај Лионел Меси се повреди на мечот со Хондурас. Напаѓачот на Барса ги пропуштил останатите пријателски и следен пат се појавил на 10 јуни за мечот со Панама: влегол во последните 30 минути и оформил хет-трик.
Но после мечот во Аргентина не зборувале за неговите голови, туку за тоа што за две недели му пораснала густа брада.
Меси и претходно се појавил јавно со пуштена брада (на интервју пред финалето на Лига на шампиони 2010/2011 но тогаш рекол дека само три дена не бил бричен). Сега првпат пуштил сериозна брада.
„Другарите од репрезентација ми викаа ако се избричам дека ќе ме убијат. Верувале дека носи среќа и дека ќе освоиме трофеј. Скоро нема да ја избричам зошто соиграчите не ми даваат“, се насмеал Меси во една прилика.
Но суеверноста на Лео и Аргентинците лесно може да се разбере. На Копа Америка Аргентина редовно доаѓа во статус хроничен лузер: „гаучосите“ два пати по ред играа големо финале (Светско 2014 и Копа Америка 2015) и два пати изгубија.
Ама не дека и брадата на Меси нешто помогна. Аргентина во 2016 лесно стигна до финалето каде на пенали изгуби од Чиле. Решавачкиот удар го промаши Лионел. Тогаш реално било Меси да се избричи, но тој решил да ја остави брадата. А поради неа дури и радикално ја сменил фризурата и ја офарбал косата во светла боја:
„Сакам да почнам од нула, да немам непријатности какви што имав. Си реков: треба да заборавиш на тоа (болниот пораз на Копа Америка во финале на пенали) и да почнеш се одново“.
Најмногу за новиот изглед на Меси се погрижила жена му Антонела Рокуцо која ставила фотографија од Лионел на својот Инстаграм со потпис „нов имиџ“ и хаштаг #bloneboy.
МЕСИ ИМА ТЕМНА КОСА, НО ЦРВЕНИКАВА БРАДА ПОРАДИ ХОРМОНИТЕ
Откако почна да носи брада, ликот на Меси како да смени облик и да изгледа повоинствено. А лесно воочливо е дека има темна коса а црвена брада.
Работата не е во некаква фарба, туку во личниот ген MC1R којшто придонесува кај носителите на пигментот црни влакна да мутираат во црвен (повеќе риѓокоса боја).
Ако човек го наследува генот MC1R од еден од родителите, тогаш бојата на неговите влакна ќе се разликуваат во зависност од областа на раст - честа појава е темна коса и риѓа брада.
Татко му на Лионел има темна црна коса, а најверојатно Лео ги наследил гените од мајка му која што е риѓокоса.
МЕСИ ИМА ЛИЧЕН ФРИЗЕР КОЈ ГО ШИША ОД 2012-ТА ГОДИНА И КОЈ ГО СОВЕТУВАЛ ДА ПУШТИ БРАДА
За фризурата на Меси е задолжен берберот Ариел Бермудез кај кого се шиша од пролетта 2012 година.
Како и со тату-мајсторот со кого Меси е многу близок, така и со овој сонародник Аргентинец кој живее и работи во Барселона. На својот Инстаграм Бермудез има 35.000 следбеници, а голем дел го заследиле поради Меси. Најголем дел од муштериите на Бермудез му се обични луѓе, а од фудбалерите му доаѓаат само Меси и Суарез.
Интересно, токму Ариел во летото 2016 го посоветувал Меси да го обнови имиџот: „Со тек на време Меси ќе се смени како личност. Многу му се допадна новата фризура и реши да пушти брада. Го прави многу помажествен“.
Бермудез неколку пати го интервјуирале (еднаш го викнале и во студио на шпанскиот канал Fox Sport) во кои раскажувал љубопитни детали од работата со Меси: Лионел се шиша и ја крати брадата два пати месечно (најголема пауза му била 20-25 дена). Ариел доаѓа кај него дома, а средбите Лео ги договара дента.
Клиентите на Ариел знаат дека тој го шиша Меси и редовно го мачат со молби да им направи иста фризура:
„Младите деца постојано бараат фризура како Меси. А мажите кога ја кратат брадата и се потсрижуваат бараат брада како Лео“, рекол Бермудез за шпанскиот Expansion.
ВО СЕПТЕМВРИ 2018 МЕСИ ЈА ИЗБРИЧИЛ БРАДАТА, А НАВИВАЧИТЕ НЕ ЗНАЕЛЕ КАКО МУ СТОИ ПОДОБРО
Во летото 2018-та најголем светски настан беше Светското првенство. Во септември по Мундијалот Меси ја избричил брадата и на Твитер отворил дебата дали му стои подобро кога има брада или кога нема.
remember when messi was blonde with a full beard and life was great pic.twitter.com/o7HPVTdrKz
— elvira (@eversincefcb) September 21, 2018
Messi always looked annoying to me with the beard anyway 🤷🏽♂️
— Ron Swanson’s kid (@ugostweets) September 22, 2018
На крајот целата дилема ја решила жена му Антонела која што рекла: „Сега не можам да го замислам без брадата. Со неа ми изгледа многу мажествен и воинствен“, рекла Рокуцо а веќе на почетокот на октомври Меси пак ја израснал брадата, веројатно на инситирање на жена му.
ИМА И ТАКВИ ШТО ГЛЕДААТ КАКОВ МУ Е УЧИНОКОТ НА МЕСИ СО И БЕЗ БРАДА
Еден од главните спорови за брадата на Меси е дали таа му е некако од корист. Од моментот кога се појавил со брада навивачите го мерат неговиот учинок на терен.
Последен пат се спореле во септември 2018 кога Лионел ја избричи брадата. Со брада последниот меч го оидграл против ПСВ во Лига на шампиони и тогаш го оформил осмиот хет-трик за нов рекорд во ЛШ. Потоа се избричил и на следниот меч Барса не можела да ја победи Жирона (2:2). Доволно за теоритачарите на заговор.
Меси без брада во Барселона има одиграно 532 меча и постигнато 454 гола (0.85 % во просек по натпревар), а со брада во Барселона 154 меча и 147 гола (0.95% во просек по натпревар).
„Искрено не размислуваме на тоа дали брадата влијае или не на играта на Меси. Мене ми е интересно што он сакаше да личи на викинг“, рекол Пике во 2016-та.
Самиот Меси никогаш не зборувал за брадата и за тоа дали му е полесно да игра со или без брада. На 7 мај Барса доживеа потоп на „Енфилд“ 4:0 и тоа беше еден од најболните порази во кариерата на Лионел (играше со брада). А веќе на 11 мај се појавил на отворениот тренинг на барса со глатко избричено лице.