Се плашел од тетоважи, го прашувал Дани Алвес дали боли, а сега е цел ишаран

Денешниот ден со право е посветен за најголемиот на сите времиња според многумина. Интересна е сторијата околу неговите тетоважи и како првпат решил да се црта.

Во 2006 година Меси заигра за првиот тим на Барса, а од тогаш наваму го паметиме по долгата коса, детскиот лик, шишките преку чело.

Со текот на годините, Меси ја усоврши мускулната маса, се разви, подоцна пушти и брада а пред некоја година го заинтересирале и тетоважи. 

„Лео постојано бараше од мене да му ги покажувам тетоважите и прашуваше дали боли кога се тетовираш. Му одговарав: „Реши се веќе!“, раскажал еднаш Дани Алвес во интервју за France Football.

Неверојатниот Аргентинец првпат се решил да се тетовира во 2010 година и не прекинал до ден-денес. Во моментов на неговото тело има 14 тетоважи!

СИТЕ ТЕТОВАЖИ МУ ГИ ЦРТАЛ ЕДЕН ЧОВЕК

Веќе 8 години Лионел работи само со аргентинскиот тату-мајстор Роберто Лопез којшто и самиот има тетоважа од Меси. Според Роберто, напаѓачот на Барселона некогаш самиот му носи скици и му кажува каква тетоважа сака. Најчесто Лео сам ги смислува тетоважите, без препорака од мајсторите.

Меси и Лопез одамна се дружат и се стари пријатели. Нивниот однос не е само однос меѓу мајстор и клиент. Лионел го викнал Роберто на свадбата во јуни 2017, а Роберто на влезот од неговиот салон закачил натпис на кој пишува: „Ако не сакате тетовирањето да ве боли, не зборете лошо за Меси“.

Во 2014 година во знак на дружбата, Роберто му побарал на Меси лично тој да му нацрта тетоважа. Лео не одбил и на почетокот од дланката му нацртал број 10.

Меси брзо ја постирал свежата тетоважа на Роберто на Инстаграм. Денес Роберто е најпопуларен тату-мајстор во Аргентина. На неговата работна фејсбук страница има повеќе од 16.500 следбеници.

Во последните неколку години кај него се тетовирале Енцо Перез, Анхел Ди Марија, Хуан Итурбе и други јужноамерикански играчи. За да ги црта Аргентинците од Зенит (Мамана, Дриуси, Краневитер и Ригони), тој во ноември 2017 слетал во Санкт Петербург.

„Го видов еднаш на фотографија со Меси. Почнавме да соработуваме во Аргентина. И денес сите дечки од екипата му се обраќаат за тетоважи. Не одлетавме за Аргентина, туку го викнавме во Петербург“, рекол еднаш Дриуси.

СЛИКА ОД МАЈКА МУ НА ГРБ

Секоја тетоважа на Меси, логично, има определено значење. Лионел како по обичај, ништо не раскажува никому, а Лопез во неколку наврати ги објаснувал тетоважите на Меси.

Интересно Лео на почеток имал голем страв од иглата на тату-машината, па прво кај Лопез ја пратил својата идна жена Антонела. И дури на крај се убедил дека целиот процес не е толку болен, во 2010 година Меси ја насликал својата прва тетоважа.

Ја посветил на главната личност во неговиот живот - мајка му Селија. Меси барал портрет од неа на левиот дел од грбот.

Општо е познато дека 13-годишниот Лионел се пресели од Аргентина во Шпанија со цел да игра за Барселона и од клубот да добие средства за да го прима хормонот на раст кој е многу скап. Татко му дошол заедно со него во Шпанија, а семејството останало во Росарио и секој ден Меси тагувал по мајка му.

Денес Селија живее во Аргентина, го гледа секој меч на Барса и преживува 90 минути за синот како никој друг: „Никој баш никој не сака да гледа фудбал со мајка ми. Таа пред телевизор вика, плаче, се нервира“, рекла еднаш Марија Меси, сестра му на Лионел.

Секој пат кога Селија доаѓа во Барселона, таа оди на пазар и ги купува сите потребни намирници за да му направи шницли по неаполитански начин (месо со домати, нане, босилек и маслиново масло; Селија ова го научила од мајка и која била Италијанка).

„Благодарение на моите неаполски шницли, тој дава толку многу голови“, рекла мајката на најдобриот стрелец во историјата на Барселона.

ЛЕВА НОГА: Тијаго, детски раце, ангелски крила

Втората тетоважа Меси ја псоветил исто на уште еден најсакан лик во својот живот. Во ноември 2012 година му се родил синот Тиаго, а веќе во јануари Меси и Лопез работеле над скицата за новата тетоважа во чест на малиот.

На почеток на левата нога (со неа Меси ги дал речиси сите голови во кариерата) се појавило името Тиаго и детски рачиња, а подоцна тетоважата добила ангелски крила и срце.

ЕДИНСТВЕНАТА ФУДБАЛСКА ТЕТОВАЖА МУ Е ТОПКА И БРОЈ 10

На крајот од 2014-та Меси добил нови тетоважи под коленото од левата нога. Таму имал цела композација поврзана со фудбал: топка и број 10, како и меч.

Но во ноември 2016-та година кога Меси дошол во базата на репрезентацијата на Аргентина пред еден пријателски меч, новинарите уште на првиот тренинг приметиле дека Лео ја покрил целата тетоважа во стил blackwork и му останале само топката и бројот 10 на црна позадина.

Се испоставило дека Меси го покрил мечот за да син му Тијаго не гледа насилни елементи.

Десна рака: Исус, Саграда Фамилија, розов лотус и часовник.

Преку целото десно раме, Меси го има тетовирано ликот на Исус со трнов венец на главата.

Веднаш подолу по целата надлактица тој има неколку тетоважи. Најголема од другите му е католичкото здание Саграда Фамилија кое се смета за срцето на Барселона. Проектот на архитектот Гауди е неверојатно популарен - секоја година го посетуваат неколку милиони луѓе.

Според мајсторот Роберто, Меси со оваа тетоважа сакал да ја покаже љубовта кон градот кој го прослави: „Таму Меси го најде својот дом. То може да живее во секој град на Земјата, но тој реши таму да остане“, рекол Роберто кој признал дека таа му била една од најтешките за цртање - над неа работел повеќе од пола година.

Од внатрешната страна му е исцртан цветот розов лотос. „Тој го симболизира талентот на Меси. Имено овој цвет расте во најтешки можни услови, како и Лео кој поминал низ толку тешкотии во минатото“, објасил Лопез. Розовата боја според него ја симболизира божественоста.

Останатите елементи ја симболизраат бесконечноста.

ПАРНИ ТЕТОВАЖА СО ЖЕНА МУ: ДАТУМ НА СВАДБА, КРУНА

Во 2017 година Лионел се ожени со девојката од детството, Антонела и тогаш посакал нови тетоважи. Се сеќавате дека Роберто присуствувал на свадбата на Меси? Епа таму, веднаш по церемонијата и прославата, Лопез на младенците им истетовирал датумот на свадбата (30.06.2017) со римски цифри.

Следната заедничка тетоважа се појавила после пар недели: Лионел на десната рака имал мала круна која што го симболизира Папата Римски (таа симболично е заедно со Исус).

Женскиот еквивалент на таа круна со помала димензија и ја нацртале исто на десната рака на Антонела.

После едно градско дерби со Еспањол, Меси се сликал во соблекувалната и на фотографијата се забележала нова фотографија, во пределот на стомакот, но исцртаниот женски бакнеж не им се допаднал на навивачите:

Последна видна тетоважа е на десната нога на Меси каде има неколку пораки со црна боја: таму ги тетовирал датумите на раѓање на Антонела и на неговите други два сина Матео и Чиро.