Offside

Втората вечер од 2. коло во Лига на шампиони донесе неверојатни резултати. Дерби дуели се играа во Рим и во Манчестер. Мурињо се врати на „Олимпико“ каде пред неколку години ја водеше Рома и со Реал направи сензационален пресврт. Домаќинот водеше 3-1 до самиот финиш а гостите од 83' до 90' минута дадоа три гола и славеа после пресврт.

Што клуб бумеранг ќе беше овој Падерборн

Од Бундеслига испаднаа до трета лига, па за 5 години се вратија назад. Со таква леснотија испаѓаат и се враќаат нагоре, што човек ќе помисли дека им здосадува играње во една лига повеќе од една сезона.

Лондонско финале во ЛЕ со македонски кандидат за трофеј

Финалната пресметка во Лигата на Европа во Баку може да донесе нов историски момент за македонскиот фудбал, а тоа е наш човек за прв пат да закачи медал на градите од ова натпреварување.

Еуро Табак ја продолжи победничката серија во дуелот со ЈСП

Во првиот ден од 25. коло од Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Матрикс, Еуро Табак и Рамстор.

Компани го фрли микрофонот како Барак Обама и Коби Брајант

Во понеделникот Манчестер Сити организираше шампионска парада. Играчите, тренерите и персоналот се провозеле низ градот со отворен автобус во кој биле сите четири освоени трофеи.

Македонски репрезентативец прогласен за најдобар фудбалер на Кипар

Иван Тричковски одигра сезона од соништата за кипарски АЕК Ларнака. Некогашниот фудбалер на Вардар, Работнички, Црвена звезда, Клуб Бриж, Легија и АПОЕЛ, ја доби наградата за најдобар фудбалер на сезоната во Кипар.

10.000 души ја гледаа Игра на тронови на фудбалски стадион во Москва

Во понеделникот вечерта на стадионот на Локомотива Москва во населбата Черкизово се прикажала шестата епизода од осмата сезона на планетарно познатата серија „Игра на тронови“.

Само 40 чисти шанси пропуштени на Хофенхајм

Останаа без Европа куси за 4 бода. Некој седнал и скоцкал компилација од цела сезона, со која им направил уште повеќе да им биде криво. Па добро бе што е ова, клетва да не им фрлил некој на дечкиве?

Пеп се отвори на Мадона

Манчестер Сити е првиот клуб кој успеа да ја освои тројната круна на островот (Премиер лига, ФА Куп и Лига Куп), а Пеп е посебно горд и среќен за тоа. 3, 2, 1 ајмо Пеп, држи ритам.

Аууу Џиџо што одбрани

Да не беше вчера Донарума на голот на Милан, плачки ќе беа на Сан Сиро. Ова се двете интервенции за кои треба сите колеги и навивачи да му се клањаат, инаку можеа да останат без шанси за борба во ЛШ во последно коло.

Ептен заебана разврска за ЛШ и опстанок во Серија А

На една недела до крајот на сезоната во италијанско, нема мир за едно 8-9 екипи. Пола од нив ќе гризат за влез во елитата, а другите ќе стрепат да не испаднат. Кој ќе чека до недела у пм.

Крај на уште една фина приказна - Робен и Рибери со титула си одат од Баерн

Познати под прекарот Робери (Робен и Рибери), холандскиот и францускиот фудбалер одбележаа една трофејна ера во германскиот гигант. Навивачите се навикнаа на овие двајца мајстори на фудбалот, па тешко ќе им биде да го гледаат Баерн без нив.

Француски судија - шампион на колото

Јоан Руинсар викендов го судел мечот од втората француска Лига 2 Мец - Брест. Се испоставило дека тоа е негов последен натпревар во кариерата а судијата реши на уникатен начин да се прости од свирчето.

Јувентус ја прослави титулата, поздравени Де Роси, Барѕаљи и Алегри

Јувентус го прослави 35 скудето во историјата, 37-мо според толкување на клубот и навивачите (оние титули од Калчополи). Прославата мина интересно. На трибини беа Арон Рамзи и Џиџи Буфон, Барѕаљи (38 години) се прости од Јуве, Алегри го поздравија навивачите, а Роналдо го опна син му по глава со трофејот.

Не бе овие не ја рогаат за жива глава

И покрај тоа што последното коло им беше само проформа, Каталонците не прават исклучоци кога е во прашање нивната филозофија на игра. 2 посто не го есапеа пресингот на Еибар и со само три додавања излегоа од калта. Четвртото веќе беше асистенција за гол.

Еден многу интересен гол падна во Франција

Лил го победи Бордо со 1-0 а мечот го реши некогашниот шпиц на Челси Лоик Реми после трик-акција со соиграч.

Лажго на колото

Голман од Виетнам имаше најобична тренинг интервенција, а потоа лежеше на земја мислиш колено изместил. Глумата ја плати најскапо што можеше. Судијата досуди индиректен удар поради држење на топката повеќе од 6 секунди и потоа падна гол за кој голманот манипулатор треба да јаде заушки.

Споредба на славјето на Манчестер Сити со она на Ајакс

Овие имаат буџет од милијарди фунти, најплатени фудбалери, најдобар тренер на светот, станаа прв клуб во историјата кој освоил тројна круна во Англија (Премиер, ФА Куп, Лига Куп). Ама некако навивачите „пластично“ го бодрат клубот. Пази ова:

Надвор од контекст

Полски фудбал, разонода, семки, кикирики. И рогање фудбал од еден на друг крај.

Пајдушкото на Окоча немаше крај

Нигериецот Џеј Џеј Окоча најдобро може да се опише како роден танчер со топка. Танцуваше во Ајнтрахт Франкфурт, Феенрбахче, ПСЖ, Болтон, Катар и Хал. Штом еден Оливер Кан не можеше да излезе на крај со него, зарем вреди понатаму да дискутираме. Погледнете како го изремети и него и одбраната.

Кога Фергусон го терал Бекам во соблекувална да ја избричи четката

Анегдотата кога му штунал копачка во глава ја знаат речиси сите. А Бекс сега раскажа случка со фризурата „четка“ кога ја криел со капа, ама немал кај да бега од стариот лисец.

Ќе победите и оро ќе играте, не ми е гајле што сме веќе шампиони

Строг, авторитетен и темпераментен, таков беше претходникот на Алегри во Јувентус. И еден Џиџи кога се обидел нешто да му каже како капитен, овој му згрмил, а целта била една. Испишување на нова историја. Ги напнал и му успеало.

Нежниот гигант Дел Потро и битангата Кирјос

Од Мастерсот во Рим главно видео беше невиденото дивеење на Ник Кирјос кој синоќа за време на својот меч кршеше рекет, фрли столче на сред терен и се караше со присутните. Сликата ја исправи секогаш одличниот спортсмен Хуан Мартин Дел Потро.