Дури 10.000 луѓе обезбедиле карти за „РЖД Арена“ со цел да го гледаат финалето на најпознатиот светски серијал. Во публика имало и млади и стари и машко и женско. Незапаметен интерес владеел за вакво искуство на гледање „Игра на тронови“.
по ощущениям – мы в огромном кинотеатре под открытым небом😱
— Anya Gallay (@gallay_ka) May 20, 2019
как же круто! «РЖД Арена» – топ😍 #GameOfThronesFinale pic.twitter.com/o4D8ObSN2M
Заедно со луѓето од третопласираниот клуб во руското првенство Локомотива Москва, преносот го организирал сервисот „Амедиатека“ која што ги има ексклузивните права на пренос на серијалот во Русија.
На стадионот поставиле огромен видеобим чии димензии биле како четворособен стан.
На влез во Арената, гледачите ги пречекувале двојници на Серсеи, Санси, Тирион и другите херои од „Игра на престоли“
Оркестар ја свири фамозната мелодија од GOT, многумина на стадионот плачат што се збогуваат со ова ремек дело: