Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Па добро убаво се разбравте

Емен синоќа го испапа 2:5 дома од Ајакс, ама потегот на мечот го има Никола Таљафико од Ајакс. Овде нејасно е кој е повеќе крив. Стоперот навидум фино ја врати, а голманов како да зариба во место.

Македонски Телеком со одлично прво полувреме до победа над ЈСП

Макпетрол, ЕВН и Македонски Телеком славеа победи во третиот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Марјан Ибрахимовиќ од Удово

Стрелецот на голот се вика Марјан Костадинов, ама ние со целосно право му го сменивме презимето само за насловот кој го заслужи. Во македонската трета лига да ти има и какви голчишта на волеј. Младост од Удово против Спартмани од Градско Балдовци (3:1) и оној препознатлив коментар од трибина: То мајсторе.

Шчесни напуштај го голот, на Пјаниќ малиот ќе брани

Ако Јувентус случајно има недостаток на талентирани голмани во младинската академија, тогаш нека внимаваат на син му на Миралем Пјаниќ. Секое дете не го прави ова или поточно ретко кое го прави. И после мама миа, е мама миа.

Реакциите откако Зидан го стави син му да брани за Реал и прими два гола

Во 29 коло од Ла Лига на мечот Реал Мадрид - Уеска имаше големо изненадување откако на теренот се најде 20-годишниот Лука Зидан, син на тренерот на домашниот тим.

Роналдо и Меси не разбираат како е да се биде студент

Секој што седел во маало на клупи со Горско и соленки од 10 денари го разбира оној студентски живот каде 100-ка ја цениш како 1000-ка. Добро сторијава со студентов од Англија е сосема поинаква, ама ние си сакаме парарели. Без разлика што сме штеделе за во град, а тој за два светски стадиони, сепак го жалиме.

Фаул за судски јавен претрес, а не доби ни жолт

Вториот меч од полуфиналето на португалскиот куп меѓу Брага и Порто заврши 1-1 и клубот од „Драго“ со вкупни 1-4 оди во финале. Во еден момент од средбата Макси Переира ринтна еден играч на Брага со цела снага и не доби ни жолт картон.

Воздушеста и футуристичка - новата Nike Air Max колекција

Не секој ден имаме пристап да видиме како изгледаат подготовките на брендовите пред лансирање на маркетинг кампањите.

Летото е уште далеку, а топ клубовите веќе направија големи трансфери

До отворањето на преодниот рок во најголемите европски фудбалски лиги има уште неколку месеци, а гигантите веќе завршија голем дел од работата.

Готово, го имаме победникот на денот

Добро во што се кладел овој за да испадне “победник“ пред толку многу луѓе м? Обично за кош од центар во НБА даваат по 10.000 долари. А што е па тој крив, кога таа не ја пратеше акцијата.

Од Мустафи до Меси и назад до Мустафи за 10 секунди

Шкодран Мустафи, роден во гостиварско, неколку години игра за Германија и за Арсенал. На мечот против Њукасл во Премиер лига имаше кратка епизода „од Мустафи преку Меси до Мустафи“.

Шефот на германскиот фудбалски сојуз даде оставка поради непријавен часовник од 6.000 евра

Во германскиот фудбал е бурно време. Рајнхард Гриндел, довчерашниот претседател на Германскиот фудбалски сојуз (DFB), кој го водеше сојузот од 2016-та, дал оставка поради корупциски скандал.

Страшна контра и завршница на Удинезе

По фантастичната серија од 10 меча без пораз, Милан нешто зашкрипи со формата. Порази од Интер и Сампдорија, па скромни 1:1 дома со Удинезе. Голот за реми на гостите од контра како од учебниците. Шах мат во три потези и одличен гол на Кевин Лазања. Внимавајте на моментот како сам си ја намести на волеј и тоа во трк.

Голманче, не се радувај пред време

На младинскиот турнир Future Champions во ЈАР, младинците на Спартак Москва и Орландо Пајретс играле 1:1 па се отишло на пенали. А таму Русинот Влад Шитов и голманот Блејк Франзен имаа интересна дешавка.

Најлош корнер на сезоната во Премиер лига

Само што го изругавме малион од Јувентус У19 и ете уште едно аматерско изведување на корнер. Овој пат дело на Жоао Мутињо од Вулверхемптон на дуелот против Манчестер Јунајтед. Трагедија од нафрлување или додавање, што и да му беше намерата.

Не е нормален

Во топ листата на стрелци во Ла Лига, кај Меси треба да има една посебна графа со голови од слободни удари,  Па кога и да отвори човек хајлајтс на Барселона каде тој е стрелец, има гол од слободен удар. 

Бебето кое плачело во војна додека мајка му молела за спас, сега игра за Јуве и вреди 74 милиони евра

Игра за еден од најдобрите клубови во светот, а нема ни трошка таблоидни амбиции и прчења за додатни пари и слава. Него му е најважно семејството со кое едвај преживеал, а сон му било да стане фудбалер. Од куршумите го спасил татко му со помош на топка.

Чиле со Биелса и Лидс со Биелса играат потполно ист фудбал

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го игра најдобриот фудбал во кариерата, благодарение на најдобриот тренер со кој работел досега. Марсело „Ел Локо“ Бјелса сигурно го води Лидс кон Премиер лигата, а убавата игра ја имаше и претходно со Чиле.

15 години од првиот дуел Надал - Федерер

После толку многу битки, мегдани, трофеи и титули, речиси ретко кој да го памети првиот меѓусебен дуел меѓу двајцата сигурно најголеми тенисери во историјата.

Друг пат и голот издриблај го, што го вртиш

Дриблерот на денот ни доаѓа од Обединети Арапски Емирати. Ја прими на средина и после како да ви кажеме, соло акција која мислиш ќе продолжи до паркинг. Тоа со голманот е нешто невидено. Греота е овој што не игра во некој силен европски клуб.

Јувентус е претворен во болница, девет играчи не се во комбинација

Во овој завршен и деликатен период кога ќе се кршат копјата во Лига на шампиони, Масимилијано Алегри е во непријатна ситуација со повредени играчи. Ако прогнозиве со точни среќа што му се враќаат набрзо, а во каква форма ќе бидат тоа ќе видиме.

Je suis Тјери Анри барем на три месеци во Монако

Легендарниот француски напаѓач ќе биде запаметен како извонреден играч, а истовремено катастрофален тренер на Монако. Имаше 104 дневна тренерска авантура за која нема човек со здрав разум кој би жалел, туку би рекол сакам пак.

Бекот кој три години по ред со гол исфрла екипи од Премиер лига

Во саботата Хадерсфилд и дефинитивно ги изгуби сите шанси за спас во Премиер лигата, откако изгуби на гостувањето кај Кристал Палас. После 2008-ма година и Дерби, ова е најбрзо испаѓање во Чемпионшип - уште во април.

Нема ти што да менуваш дрес со Меси, казнет си од клубот

Страстите по градското дерби Барселона - Еспањол уште не се стишија. Лионел Меси речиси никогаш не бара дрес, но од него бара секој жив на теренот. По саботното дерби поради тоа навивачите на Еспањол му се сипаа на едно од своите деца.