Offside

Веројатно многу француски навивачи се израдуваа кога видоа против кого ќе играат во четвртфинале на Светско првенство 2026. Но дали се израдувала и полицијата?

Марко ќе ви покаже како се гради топка

Марко Верати е метро и желба за растење, 165 см има, ама за ова не треба да имаш висина, туку мозок и умешност. Погледнете каков курназ излезе, двајца не можеа да му ја земат. Плус тука имаш и тегнење, држење за рака, ама џабе.

Елмас блесна со гол на турското Ел Класико

Во период кога веќе тешко е да се следат сите медиумски написи за тој колку пари нуди за македонскиот бисер и каде ќе ја продолжи кариерата, тој постигна гол во големото турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај кое заврши 1:1. Одлично се снајде во шеснаесетник 19 годишниот репрезентативец на Македонија.

Манасков се фрли ко Родман, а Борко ја даде преку цел терен

Погледнете Деки колку внимателно следеше и пожртвувано реагираше во оваа акција на Исланѓаните, а ја заврши Борко со оние најслатките голови без никој да се поти во напад. Одлични и двајцата.

Него голов да не требаше да го уважат?

По израмнувањето на Исланд во финишот, останаа само 3 секунди напад за нашите ракометари. Брестовац свика тајм аут, но беше свесен дека за толку кусо време не може да се даде гол. Ја шутнавме од центар, голманот ја одби, па Гоце ја заби. Сликава ко да кажува дека требале да ни го признаат голот бидејќи на секунда до крај топката е на гол линија. М? Што викате?

Палермо води, Несторовски решета

Серијата на капитенот на Палермо и голгетерот на Македонија не престанува. Овој пат жртва е ланскиот довчерашниот прволигаш Беневенто против кој Палермо поведе на гости во 42-ва минута. 12-ти погодок сезонава за Нестогол. Мајстор е со тоа левицата.

Исланд се спаси од пораз на 3 секунди до крај

Македонската ракометна репрезентација освои важен бод на вториот меч против незгодниот скандинавски противник со што ја задржа челната позиција во квалификациската група за ЕП 2020. Повторно драма, но во оваа за влакно ни избега победа.

Промашувањето на сезоната бидна во Турција

За време на мечот Јени Малатјаспор - Аланјаспор, Абубакар Камара, шпицот позајмен од Фулам во Малатјаспор при резултат 1-0 ја сруши физиката и сите нејзини закони. Гостите брзо потоа израмнија на 1-1.

Го видовте ли кочанскиот Меси на дербито на Тиквешијата?

Во големото дерби на втората македонска лига меѓу Тиквеш и Вардар Неготино, домашните славеа со високи 4-0, а момент на мечот беше чудесниот гол на Андреј Лазаров кој прими една топка надвор од шеснаесетникот и направи дар-мар пред голот на Иванов.

Надреални три одбрани по ред на голманот на Дортмунд

После поразот од 5:0 против Баерн, многумина мислеа дека Дортмунд ја изгуби шампионската трка. Во 29' коло од Бундеслигата, Борусија го пречека Мајнц и едвај го совлада со 2-1 со головите на чудесниот Жадон Санчо. Ама најзаслужен за трите бода е голманот Роман Бурки кој во 87' минута со три чудесни одбрани го сочува водството.

Ибра не ти пропушта добар центаршут

Со два гола, еден со глава и еден од пенал, Ибрахимовиќ беше творец на триумфот на ЛА Галакси над Филаделфија од 2:0. Сега после 4 меча Ибра има 6 гола.

Одличен дриблинг нема што

Вчера објавивме видео од еден цар кој ја испушти топката и излезе најјак фраер во маало. Сега објавуваме друг цар кој исто така ја испушти топката. Ама вториов е далеку од цар како првиот. Почна воздухот да го дрибла.

Од кај па сега оваа идеја за слободен удар?

Ти мислиш му се слошило и паѓа ко покосен, а тој прави асистенција. Што нема да измислат по ова саливе.

Син ми се вика Лукаку, ама Меси си е Меси

Манчестер Јунајтед загуби дома од Барселона на првиот четвртфинален дуел од ЛШ, ама мајка му на Лукаку не беше загрижена за поразот на нејзиниот син. Она идолот си го начека.

Се сеќавате ли на голф топчето кое му дупна глава на Кан?

12 април 2000-та година. Фрајбург - Баерн Минхен конечни 1:2. На неколку минути пред крајот на мечот се случи едно од најгрдите навивачки потези спрема играч на сред натпревар. 16 годишен пилиштар без осет го погоди Оливер Кан во глава.

Враќање во иднината со новата NIKE AIR MAX колекција

Новата колекција на Nike е пренесена преку серија на футуристички фотографии кои никој нема да го остават рамнодушен.

Најјаката мад факр фора еден на еден со голман

Сме виделе сè и сешто од дриблинзи и финти пред гол. Го гледаш ова и очекуваш кроз нозе, дриблинг или можеби некој лоб, арно ама мечов меѓу ветерани во Аргентина отвора нови видици во фудбалот.

Најдобриот фудбалски центар за развој на играчи го има Бенфика

Тројца фудбалери кои синоќа постигнаа вкупно 6 гола во Лига Европа биле дел од Бенфика или од школата и тоа воопшто не е случајно. Абе каква школа, ова е институција. Тука дете да запишеш на фудбал ќе ти го врати човек и тоа оформен кој нема само да мисли на топка и да стане врвен играч, туку и за книга ќе се фати.

Знаете ли за најјапонскиот клуб во Европа

Јапонските фудбалери одамна станаа важен дел од европскиот фудбал, а германската Бундеслига отиде чекор понапред и ја зграби азиската популарност. Ниту еден клуб нема поголем азиски шмек од Фортуна Дизелдорф.

И Марсеј направи утка со знамињата, па ја навреди Кина

Фудбалскиот клуб Марсеј утрово преку социјалните мрежи му честитал 29-ти роденден на бекот Хироки Сакаи, само што наместо стандардното јапонско знаме, го ставиле јапонското империјално знаме (1867 - 1945) користено во Втората Светска војна. Со ваквиот потег ги навредиле Кина и двете Кореи.

Мајсторот со фрљотки кој не можеш да го изнагледаш

А толку пука со самодоверба просто да му позавидиш како може да е толку голем цар.

Кој е Жоао Феликс, малиот од Бенфика за кој зборува цела Европа

19-годишниот Жоао Феликс е главна ѕвезда на четвртфиналето во Лига Европа. Просто сам го совлада Ајнтрахт (4:2) со три гола и асистенција за 53 минути игра.

Најк потпишал договор вреден 10 милиони долари со 14-годишно дете од Борусија

Откако видел за каков талент станува збор, гигантот за спортска опрема решил да го „капариса“ малиот Јусуфа Мукоко кој постигнал 106 гола на 67 меча за младинците на Дортмунд.

Во неизвесна завршница Окта поуспешни од С.Ц. Борис Трајковски

Аџибадем Систина, Сава Осигурување и Окта славеа победи во последниот ден од 20. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Sport Life во акција за лето на „тркала“!

Сè што е потребно е да се одиграат најмалку 6 натпревари на еден тикет од акциската понуда и да се фати највисок вкупен коефициент.