Нов испад на Кирјос, го прешкрта името на Ѓоковиќ на маица

Ова веќе нема граници. Австралиецот со грчко потекло Ник Кирјос налетал на еден Американец кој носел маичка со ликот на најдобриот светски тенисер на која пишувало Новак. Му понудил на Кирјос да му даде автограм на маичката, а овој го прецртува името.

„Еве што мислам за тебе и за твојата маица“: 

Откако одговори дека нема појма зошто Кирјос упорно го напаѓа и навредува каде стигне, Ѓоковиќ реши да не враќа на провокациите на талентираниот тенисер со пргав карактер со кого спарингувале неколку пати пред турнирите. 

25 јули 2019 - 14:48