Балканскиот навивачки идиотлук ги надмина своите граници и по примерот на Јужна Америка или Јужна Африка посегна по нешто досега невидено на овие простори. Во судар меѓу двете навивачки фракции на Динамо Загреб (расколот настана кога едни застанаа зад Здравко Мамиќ), хулигани користеа секири, сатари и чекани.