Уште кога се појави на тартанот, Елиф мораше да се сврти накај трибина за да ги отпоздрави навивачите кои го скандираа неговото име.
Од трибина се слушаше „Елиф, Елиф, Елиф“, што е убаво да се чуе за македонскиот репрезентативец кој на само 19 години привлече големо внимание на чизмата.
Од публика овации, на терен неколку фотографи кои ги овековечуваат првите фотки со него во дресот на Наполи.
Се појави со број 12 и доби шанса во 70-та минута на пријателскиот натпревар против второлигашот Кремонезе кој заврши 3:3.
Нека бидат ова историски снимки од дебито во Италија на едно екстра талентирано момче за кое се надеваме дека ќе се зборува во суперлативи и за едно 10 години.
„Елмас беше силно посакуван од стручниот штаб и управата, го познавам многу добро, тој е модерен играч. Го гледавме повеќе пати како игра и се надевам дека ќе го зголеми квалитетот во средниот ред. Сега сме добро покриени, сите наши играчи од средина може да играат на разни позиции“, изјави стратегот на Наполи, Карло Анчелоти.
Наполитанците биле воодушевени од неговите тестови за физична спремност.