Болницата во која се лекува Михајловиќ

Српскиот стратег е во сигурни раце бидејќи остана да се лечи во многу позната болница во Болоња во која за 10 години се направени 427 трансплатации на срце од кои процентот на успешност се движи од 80 до 90%.

Синиша Михајловиќ го мина првиот циклус на лекување од леукемија без компликации, кој стартуваше минатиот четврток. Информацијата ја пренесоа од клубот кој за сега е без на него на подготовките за новата сезона.

Тој ќе мора да остане во болница три недели за да се анализираат неговите параметри, што значи нема да може да патува со тимот кој утре е предвидено да замине за Австрија.

Тренерот на Болоња ја шокираше јавноста на прес конференција на 13 јули, но најави дека ќе и се спротивстави на тешката болест и дека што побрзо оди, толку побрзо ќе заврши.

Оваа болест има три фази, првата е хронична која може да трае со години. Без терапии се префрла во фаза на забрзување која означува напредок и преоѓа во криза. Така се однесува како акутна леукемија, брзо напредува и доаѓа до смртни последици.

Во 2001-ва година одобрен за употреба е лекот гливек кој покажува одлични резултати.

Михајловиќ одлучи да се лекува во клиниката Сент Орсола Малпиги во Болоња, која важи за една од најдобрите кога станува збор за малигни заболувања.

Има преку 1.500 кревети и 5.000 вработени од кои 800 доктори кои секојдневно се грижат за здравјето на пациентите.

Тој е стациониран во посебна просторија, микробиолошки најчиста во која не смее да се меша со никој. Во првите денови се забранети и посети поради вируси и пренос на настинки.

Терапиите му се одвивале со кратки паузи меѓу кои се следи неговата здравствена состојба и како му реагира организмот на дадените лекови.

Се работи за болница во која годишна се прават над 33.000 операции и преку 3 милиони специјални зафати, а процентот на закрепнување на пациентите е многу висок.

Во периодот од 2006-та до 2016-та се направени 427 трансплатации на срце. Највисокиот процент на успешност на годишно ниво достигнал до 90%, а во другите години 80%, што е рекорд во Италија.

За популарниот Синиша пред неколку дена имаше и молитва во Болоња.

24 јули 2019 - 15:50