Малку сме пропаднати, ама и тоа е за луѓе

Во 2021 требаше сè да се среди. Донекаде и беше така - видовме како се враќаат кафани и концерти и фестивали, излегоа филмови, славните сфатија дека нејќеме да ни проповедаат со Imagine - такви работи. А сепак, еве нè, уште безидејно лежиме по дома.

Никол Кидман веќе губи можности за работа

Иако е една од најзначајните холивудски актерки на нашето време, Никол Кидман вели дека откако наполнила 40, има сè помалку ангажмани, заради сексистичките холивудски стандарди.

Надреалистичната мистерија на Леонора Керингтон

На хартија, таа е изгубениот британски надреалист; дебитантка од Англија што се одвоила од нејзиното богато семејство, се вљубила во Макс Ернст и избегала со него во Париз, наоѓајќи се себеси во центарот на надреализмот.

Марк Џејкобс за накит, Студио 54 и други занимливости

Американскиот моден дизајнер дискутира и за потеклото на фразата „Појадок кај Тифани“.

Каде згреши сексуалната револуција

Многу придобивки има од тоа што општеството разви потранспарентна и побесрамна врска со сексот. Секако значи прогрес кога она што се случува во нечија спална повеќе не е прашање на јавен морал. Но дали се само придобивки? Супер е што сега геј-врските не се билет во еден правец за затвор, и што луѓето веќе не им судат на мажите и жените што се впуштаат во секс без обврски. Но дека има негативни страни - има.

Трилер со викинзи и Бјорк

Доаѓа одмазднички, викиншки филм и сега има и трејлер.

На Крис Нот му ја вадат душата

Пејџ Сикс сега известува дека жена му е „многу вознемирена“ и дека агенцијата го откачила.

Ни името не смее да ѝ се знае

Или, како што е изразот во нејзините книги, Онаа-што-не-смее-да-се-споменува. За „освестените“, Волдеморт е жив, ама ќе го решат тие.

Сите Спајдермен-парови биле во врска, иако на сите им рекле „Не“

Том Холанд и Зендаја им се опсесија на сите медиуми што се бават со животот на славните, и неодамна ја потврдија нивната врска. Она што не се знаеше е дека продуцентката Ејми Паскал ги предупредила ако може да не се „фаќаат“.

Мисли ли некој на силувачите? Не, само на себе мислите

Џ. К. Роулинг беше безобразна со силувачи. Држ’те ја.

11 најдобри зимски чизми за секој ден

Ако пребарате „зимски чизми“ периодов, ќе се соочите со плејада од гумени ѓонови, дебели врвки и практични решенија - чевли што се одлични во техничка смисла, но им фали нешто во стилот. Како треба да изгледаат секојдневните чизми што треба да бидат нешто повеќе од „колку да ти е топло на ногата по улици“?

Наука на радоста

Идат празници, пробајте да соберете радост „во тегла“.

Мажи не добиваат вакви прашања

Како што вели Вивика А. Фокс, не мора да си биолошка мајка, за да имаш, или да сакаш деца.

„Покетинг“ или „врска за во џеб“

„Покетинг“ или „ставање во џеб“ е кога не кажуваш дека се гледаш со некој и е многу попопуларно отколку што ни се чини.

Брук Шилдс: Стареењето е секси

Може личи како Брук Шилдс да ги одминала најубавите години, но со своите 56, инсистира дека се чувствува посамоуверено и посекси од кога и да е.

Тајниот бункер под Ајфеловата кула

Некои од вас (и нас) дури денес ќе дознаат дека Густав Ајфел ја користел неговата кула како лична старт-ап лабораторија за научни иновации. И не само тоа - под неа има таен воен бункер со влез што е блиску до јужниот столб.

Утешна награда

Ќе има спојлери за And Just Like That... во продолжение, да не биде не сме кажале.

Шармот на Лондон во ‘80-те

Сунил Гупта пристигнува во Лондон кога Тачер пристигнува на власт, а дури сега ги објавува фотографиите направени за време на една комплицирана раскрсница во историјата на градот.

Облекување „како маж“

Учиме историја за „мажествениот“ стил на женската мода. Во коментарите има бисер: Една жена ја прашува мајка ѝ, родена 1926, што толку било битно и страшно кога жените почнале да носат панталони. Одговорот е, „Затоа што одеа скроз до горе!“, што значи се гледало каде завршуваат нозете, а каде почнува... газ!

Разгледуваме кај Иман и Дејвид Боуви дома

Ќе беше убаво двајцата да можеа да ја пречекаат екипата на Вог дома. Сепак, иако го изгубивме Боуви, неговото присуство се чувствува во секој ќош од нивниот дом во Кетскилс, Њујорк.

Крис Нот ја одбрани Сара Џесика Паркер од Ким Катрал

Саманта и Кери може се најдобри другарки во серијата (барем до последнава ствар), ама Ким Катрал и Сара Џесика Паркер - никако. Катрал со гадење зборува за колешката, ама на Крис Нот (Мистер Биг) не му се слуша тоа.

ИКЕА стан за помалку од долар

Икеа изнајмува минијатурен стан во Јапонија за помалку од 1 долар месечно.

„Тетка без деца“: Жени што редефинираат семејни улоги

Сè повеќе жени без деца активно ја прифаќаат улогата на тетки. Експертите велат дека е време да им ја признаеме оваа улога за доброто влијание и трансгресивноста што ја има.