Принцезата Ен наводно знаела дека Меган Маркл „многу кратко ќе потрае во кралското семејство.“
Кралскиот експерт Нил Шон на Јутјуб тврди дека „таа не трпи глупости, исто како што не трпеше татко ѝ, војводата од Единбург.“
„Наводно, кога Меган се приклучила кон кралското семејство, ѝ се обратила на принцезата Ен. И според еден многу добар извор, Ен ѝ понудила многу сирова мудрост.“
Принцезата Ен е највредниот член на кралското семејство. Има бескрајно многу ангажмани. Се појавува, завршува работа и не бара рефлектори на себе, а притоа ја претставува кралицата.
„Но, Меган излегла од таа средба збунета. Ен токму тоа ѝ го кажала, дека не е тоа класична монархија, туку е работа, и треба да се појавиш на време, да направиш истражување и да завршиш работа.“
Според изворот, Меган не била воодушевена.
„Но принцезата Ен отсекогаш знаеше дека на Меган ќе ѝ биде краток рокот во светот на Британската монархија.“
Се разбира, Маркл веќе не е меѓу нив. Живее во Санта Барбара со принцот Хари и двете деца Арчи и Лилибет. И се скарува со новинари што не ја фалат.