Според еден извадок од „Одмазда: Меган, Хари и војната на Виндзорите“ од британскиот биограф Том Бауер што треба да излезе во четврток, Меган му се налутила на новинарот Сем Кашнер откако го прочитала написот за себе во септемврискиот број на Венити Фер од 2017.
„Мислев дека ова навистина може да биде пријателство,“ му рекла. „Сега не мислам дека тоа може да биде.“
Во книгата пишува дека на Кашнер му било доделено интервјуто од јуни 2017 и за време на тоа интервју, Маркл зборувала за нејзиниот говор на конференцијата на Жени на Обединети нации и една анегдота кога успешно спровела кампања како дете против Проктер и Гембл.
Во говорот, кажува дека како мала, им пишала на тогашниот претседател на Проктер и Гембл и на тогашната прва дама Хилари Клинтон за да се пожали на една антифеминистичка реклама на компанијата. Според нејзината приказна, успешно ги натерала „Ајвори“, бренд на средство за миење садови, да го смени слоганот од „Жените насекаде низ Америка се борат со масни тенџериња и тави“ во „Луѓето насекаде низ Америка…“
За ова ја имаат интервјуирано и во Ник Њуз во 1993.
Сепак, според книгата, Кашнер рекол дека факт-чекерите на Венити Фер ја оспориле точноста на оваа изјава и не можеле да најдат докази дека добила одговор од Клинтон. Во конечната верзија на статијата не била вклучена анегдотата.
Кога стигнал текстот пред објавување во Бакингемската палата, Маркл била бесна. Била вознемирена и поради насловот, „Дива/луда по Хари“.
Отфрлањето на анегдотата на крај предизвикало Маркл да му каже на Кашнер дека нивното пријателство е завршено и да се жали за начинот на кој била претставена.
Во книгата, меѓу другото, пишува и дека татко ѝ, Томас Маркл, знаел дека ни Клинтон, ни Проктер и Гембл не ѝ одговориле на Меган како што тврдела и дека тој ја измислил приказната за овој успех.