Да, можно е да се должи и на оној еден, нам како Балканци драг заклучок „она го расипа, бе!“, ама и видеото не е за игнорирање.
Говорот на телото на Хари и Меган Маркл во Обединетите нации на 18-ти јули многу се гаѓа со објавувањето на една, кон нив непријателски настроена биографија со наслов „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзорите“ од Том Бауер.
На собранието, Хари одржа говор, па се прибра на место и од таму, се појави видео за кое коментарите на социјалните мрежи сѐ уште не стивнуваат.
Експерти за говор на телото велат дека Хари покажува „неколку сигнали за анксиозност“. Разумните повикуваат на „разбирање“ и „нескокање до заклучоци“, бидејќи секое нивно движење е под лупа на јавноста (можеби веќе не колку што би сакале, но добро).
Меган и кај Опра раскажа како често се стискале за раце од стрес и се чувале затоа што имале проблем со менталното здравје.
Ама за волја на вистината, од кралско семејство кое со децении успева да си ги сокрие проблемите - дојде Меган Маркл и завршија на Опра.
Но, како да има разлика од држење за раце затоа што си „држите страв“ во стресни ситуации и ова:
Something is very wrong here.#SussexBrandRIP pic.twitter.com/5rmc2zGI5f
— ROXANNE💮 (@RoxanneReaction) July 18, 2022