Ова, по повод веста дека ко-креаторката на „Пријатели“, Марта Кауфман донирала 4 милиони долари на универзитетот Брендејс за да се отвори фонд за поддршка на студии за африка и афричка дијаспора, откако размислила за недостатокот на диверзитет во серијата. Ѝ „било срам“ и чувствувала потреба „да го исправи курсот“.
Лиса Кудроу, која ја играше Фиби, за Дејли Бист изјави дека разбирливо е што Кауфман пишувала за нејзиното сопствено искуство после факултет.
„Мислам дека тоа е серија создадена од двајца луѓе што учеле на Брендејс и пишувале за животите после факултет,“ објаснува Кудроу. „А за серии особено, кога треба да е комедија што ја носат ликовите, се пишува за тоа што го знаеш. Нема што тие да пишуваат приказни за искуствата на човек од небела раса.“
Додава и дека нема да има филм по серијата.
Оставштината на „Пријатели“ продолжува да живее, иако некои луѓе повремено се борат со тоа. Актерот Даниел Деј Ким сведочи дека се чувствува малку загубен кога гледа со децата.
„Кога гледаме серии, со жена ми секогаш природно реагираме, кога ќе се појави азиско лице, да го истакнеме и да кажеме ‘види‘. Само со тоа, се креира динамика каде што се забележува и кога не се гледа.“
Во однос на ова, за „Пријатели“ вели:
„Моите деца ја обожаваат серијата и кога гледаат репризи велат ‘Еј, зошто се сите белци во Њујорк?‘ и јас им велам, фала ви што ви текна. Затоа што е така. Колку и да ја сакам серијата, кога се работи за разноликост, имаше… потешкотии.“
Сепак, како би можела Марта Кауфман да се стави во кожата на актер од азиско потекло, ако црпи инспирација за серијата од сопствениот живот?