Често ги замислуваме како од цртан филм или од бајка, а знае да ни избега и слика од Леонарда Чианчули што од своите жртви правела сапуни и колачи, како би „принела жртви“ за да не ѝ биде одземен синот.
Но, овде примерите се поинакви.
Морган Ле Феј
Полусестрата на кралот Артур и симпатијата на волшебникот Мерлин. Станува јасно дека се работи за британски фолклор - Морган Ле Феј фрла магии и тоа на познати имиња, меѓу кои и членови на нејзиното семејство и самата кралица Гиневра. Потеклото ѝ е од велшката митологија, а денес луѓе што се бават со овие правци тврдат дека се служат со нејзиниот лик и дело и дека им помага во нивните спиритуални патувања.
Арадија
Родена е во Тоскана и ја викаат и „кралица на вештерките“. Наводно била селанка што имала особено силна поврзаност со природата. Приказната за нејзе усно се пренесува со генерации и има повеќе варијанти на деталите за нејзиното потекло. Најчесто се вртка таа дека на Арадија ѝ било кажано дека е божица, па така го избрала вештерството. Во Англија станува популарна кога Маргарет Мареј пишувала за нејзе во 1921, на тема Вештерскиот култ во западна Европа. Инспирира многумина што се заинтересирани за занаетот, меѓу кои и Џералд Гарднер кој пишувал за нејзе и го основал Виканското движење во Англија. Еден од ритуалите што ѝ се припишуваат е повикувањето и поклонувањето на вештерки кога се бара љубов и добро здравје.
Мари Лаво
Позната е како вуду-кралицата на Њу Орлеанс, реална историска личност е и со вистинската приказна ја имавме тука. Практикувала Афро-карипска религија, во комбинација со католицизам и западноафрикански религии како Дахоми и Јоруба. Некои научници сметаат дека потеклото ѝ било домородно американско. Била бабица и продавала народни лекови и талисмани. Тврдела дека моќта ѝ е од Св. Ана, католичка свештеничка спомната во Библијата.
Родена е слободна во 1801, но е од мешани родители, па никогаш не била прифатена до крај од белото општество. Од тие што не ја разбирале и потекнува идејата дека вуду е главно страшно.
Мајка Шиптон
Родена е во Англија, но била патувач цел живот. Наводно, има предвидено значајни настани, меѓу кои и Големиот лондонски пожар и Првата светска војна, иако нема кажано кога ќе се точно ќе се случат.
Едно нејзино пророштво гласи:
„Кога вештерките ќе зајаваат и ќе се појават Црните кучиња, ноќта ќе биде полна со ужаси.“
Ова е напишано во 16 век, а се смета дека ја предвидело и чумата и Втората светска војна.
Уште едно наводно: Предвидела и дека човекот ќе се движи по месечината.
Ла Воасан
Една од најозлогласените вештерки во историјата - француска маѓепсничка обвинета дека му продавала магии на кралот Луи 14, кој пак ги користел против жена му, кралицата Марија Тереза (меѓу другите).
Се зборувало и дека се среќавала со клиентите во вторник (ден пред полна месечина), навечер, во темни улички, каде што ги учела како да прават љубовни напивки.
Ја погубиле со палење жива на еден пазар во Париз.
Алис Кителер
Била позната во 13 век. Ја обвиниле за вештерство, заедно со нејзиниот сопруг Вилијам Аутло во Килкени, Ирска. Обвинувањата почнале кога ќерката на Алис се омажила за Џон Ле Поер, кој веќе му бил сомнителен на кралот Едвард I како непријател на тронот. Ги пратиле да им се суди и ги прогласиле за виновни за маѓепсништво, ерес, поклонување на ѓаволот и некромантика. И ќерката стигнала до суд, но избегала пред да дојде на ред.
Кителер е најпозната по тоа што фактот што била обвинета довело кралот Едвард I и англиските лордови да мислат дека целото семејство практикувало црна магија. Еден познат цитат на Едвард гласи:
„Сите работи се случија според тоа што го посакаа.“
Не знаеме дали навистина Алис Кителер била вештерка, но и таа и нејзиното судење имаат огромно влијание на ирската култура.
Агнес Сампсон
Агнес Самспсон е типичен пример за обвинувањата со кои се соочувале жените од нејзиното време. Во 1590, соседите на Агнес се посомневале дека ги маѓепсала своите деца, откако добиле симптоми како парализа, потреси, повраќања и неспосбност за јадење и пиење било што освен млеко. Лекарите не можеле да најдат објаснување, па најлесно им било да кажат дека е вештерка. На крајот и признала дека е бела вештерка, но дека не практикувала ништо во нејзиното соседство. Не признала ни дека комуницирала со ѓаволот, туку само со Бог кој ѝ праќал пораки преку ангелите Гаврил и Михаил.
Историјата на ловот на вештерки е толку широка и голема, што просто ти се стемнува кога ќе се расчиташ на што се базира: Или на жени што лечат со тревки, чаеви и масти (како денес), или жени што имале несреќа да се омажат за импотентни мажи, или преубави жени, или жени што едноставно му се допаднале на свештено лице, бескрајно самоуверено дека е врвна чистота и причината што се загледал во жена не може да биде ниедна друга освен дека жената е - вештерка.
Баналностите оделе до таму што физички доказ на телото дека жената е вештерка биле - бемки.
Дека излегува сама. Дека излегува навечер.
Дека си дозволува слободно да разговара со мажи или со авторитети. Дека е немажена.
Да престанеме дур не почнало да станува ептен познато.