Патот на Џејмс Корден од симпатичен Британец до персона нон грата на сечиј екран

Нема кој не превртува со очи кога ќе се појави Џејмс Корден. А сепак, кариерата му е одлична, и одлично почнал како сакан лик од серија, за сега луѓето на интернет да се натпреваруваат кој повеќе и посликовито ќе се згрози од него.

Еден од првите показатели дека од пријатна фаца ќе се претвори во омразена, е моментот кога створи ултра-незгодна ситуација со Патрик Стјуарт. Дури и тешко е да се гледа.

Во WickedWiz на Јутјуб, авторот објаснува дека Корден имал одлична кариера со многу изложеност и многу можности. Во цела Велика Британија бил познат по серијата „Гевин и Стејси“, па брзински се искачил до врвна слава и упорно им бил забавен на луѓето.

И тогаш, почнуваат да излегуваат луѓе што лично го запознале.

23 август 2022 - 00:01