Правете поголеми авиони

Една 25-годишна девојка на Тикток споделува „нешта што крупни патувачи ги мразат“ и според Базфид, ова било навистина „освестувачко“.

Девојката се вика Џејлин Чејни, има 25 години и нејзините клипови за патување имаат собрано милиони прегледи.

Последно најпопуларно ѝ се поплаките за нешта што им пречат на плус-сајз патници и ова има над 15 милиони прегледи.

Одлучува да ги документира битките на нејзината категорија патници затоа што „многумина од нив ќе се пронајдат, а ретко се зборува за тоа.“

И ги наведува следните нешта:

  • Немаш место многу да мрдаш
  • Патеките се тесни
  • Масичката не ти се спушта поради стомакот
  • Мораш да бараш продолжувач на појас
  • Мали тоалети
  • Секирање дека ќе ја скршиш шолјата
  • Не можеш да најдеш пристапна патека кога пешачиш во природа
  • Те испитуваат на аеродром затоа што си дебел
  • Мали столчиња во чекална на аеродром
  • Скали на бродови и базени, и општо скали
  • Секогаш да се прашуваш дали ќе те собере во јавен превоз, на седиште во авион, итн.
  • Многу ограничени места покрај базен за плус-сајз лица
  • Рестораните немаат опции за да седнат плус-сајз луѓе
  • Пешкири не те собираат
  • Не можеш никаде да најдеш облека
  • Не можеш да ги поминеш оние премини каде што се куца карта за метро
  • Ужасни коментари дека си дебел патник

Што би било решението, според Чејни?

Слабеење?

Not today.

„Индустријата мора да сфати дека просечната жена веќе не е 14-ка,“ вели таа. „Сега се од 18-ка па нагоре. А сепак, иако стануваме пошироки, авионските седишта, облеката и сѐ друго станува помало, или останува исто. За да видиме реална промена, индустријата мора да престане да ги игнорира потребите на плус-сајз лицата и да почне да се проширува за да ни излезе во пресрет и да стане вистински инклузивна. Луѓето од сите бои, величини и способности постојат и заслужуваме пристап до нешта до кои другите имаат пристап со години.“

 

12 август 2022 - 09:10