„Мерилин Монро е исклучителна холивудска икона и икона на поп-културата,“ изјавува тој за Варајети. „Било кој актер што влегува во таа улога знае дека има многу работа. Врз основа само на трејлерот, изгледа дека Ана била одличен избор за кастинг бидејќи го доловува гламурот, човештината и ранливоста на Мерилин. Едвај чекаме да го видиме целиот филм!“
Инаку, филмот Blonde не е биографски - се работи за екранизација на фиктивниот поглед на животот на Мерилин, напишан од Џојс Керол Оутс, што значи дека не е направен во соработка со „наследниците“ на Мерилин.
Сепак, не им е прв пат да коментираат културолошки ствари врзани со неа - конкретно во ред им беше екскурзијата на Ким Кардашијан со фустанот, иако луѓето полудеа по тоа прашање.
Трејлерот - тука.