Ен Хеш изгледа ќе напушта

Претставник на Ен Хеш за Пипл изјави дека има повреда на мозокот од сообраќајката што се случи пред една недела и „за жал, поради несреќата, останува во кома, во критична состојба“.

Во име на семејството, ги извести медиумите дека „Не се очекува да преживее.“ Според изјавата, одамна имала намера да ги донира органите па „ја држат во живот за да одлучат дали можат да се искористат.“

Сообраќајката се случи на 5 август, кога Хеш ја удрила колата во некоја куќа во Лос Анџелес. Колата се запалила, а Хеш потоа ја однеле во болница за да ја третираат за изгорници и повреда на плуќата. Во следните неколку дена, се известуваше дека е во екстремно критична состојба и останува во кома.

Сепак, семејството се поздравува:

„Ен имаше огромно срце и допираше до сите што ги запознаваше со нејзиниот дарежлив дух,“ се вели во изјавата. „Покрај нејзиниот исклучителен талент, животот го посвети на ширење љубезност, особено носејќи промени во однос на прифаќањето кого ќе сакаш. Ќе биде запаметена по храбрата искреност и нејзината светлина ќе недостига.“

12 август 2022 - 08:49