Еволуцијата на Санса Старк

Се разбира дека ќе има спојлери за сите сезони.

Како се гради американски моден бренд

...jа следела Аробио на Инстаграм и му се восхитувала на нејзиниот стил и реални коментари под сликите (На пример, ‘Грд беше денот, ОК?’ и слика со хамбургер и помфрит). Од Ратајковски го побарала бројот и ѝ се јавила. „Ѝ реков на Пиа, одлична си, супер-талентирана, ми се допаѓа тоа што го претставуваш. Ако правиме бренд со тебе, не сакам да се селиш во Шпанија.”

Поставување граници звучи одлично, ама како се прави?

„Треба да си поставиш граници” колку што е добронамерен, толку е и залуден совет што често се дели по луѓе кога се работи за решавање проблеми. По малку личи на ИКЕА совет: полица што треба сам да ја составиш, звучи добро, има смисла и доаѓа со многу збунувачки упатства – ако воопшто ти се падне упатството во кутија.

Што да правиш ако почнеш да си ја мразиш работата

Сајтот Man Repeller почна како блог на едно девојче, што со тек на време го претвори во мултимилионски медиум за мода, убавина и други фини и забавни работи. Креаторката, Леандра Медин за името вика дека се нашло од шала, за место што природно ги одбива мажите од што има само женски работи. Во денешно време, не само што го читаат и мажи и жени, туку знаат и да побараат совет од неа, на што таа со задоволство одговара.

Како се спремаат есенските колекции

Септември доаѓа за некој ден. Да ми кажуваше некој дека есен ќе ми биде омилено годишно време, немаше да верувам, ама после последниве десет ѓаволски лета во Скопје, се разбира дека човек ќе најде магија во облачно, врнежливо и сиво, само затоа што не те гори секое вадење глава надвор од дома. И есента не доаѓа само за луѓе, туку и за гардероба. И големите брендови се спремаат.

Карл Лагерфелд ќе соработува со Ванс

Поминаа 13 години откако Карл Лагерфелд се спои со H&M, соработка од која што излезе една од најјаките реклами на сите времиња. Колку и да е висока мода, на Лагерфелд финтите со помали брендови од неговиот не му се туѓи, ги бира умно и најново му е тоа што ќе работи со Ванс.

13 жени во Париз издаваат тајни за убавина

Има нешто магично во тоа минимализмот. Кај секоја се провлекуваат крем за лице и маскара, секоја од нив инсистира да не се претерува, и секоја очигледно ја слави едноставноста.

100 години нокти

Може ли пред да гледаме, да се согласиме дека дојде многу грдо време за нокти? Тоа што ни го поклонија '40-ти (класика црвени нокти на нормална должина) или совршените '90-ти со нивните кратки, темни - го упропстија овие 2010-тиве, со канџите прекриени со сто слоеви лак, све-ми-боје-лепо-стоје стајлинг, штрасови, животинки, вештачко крзно, логото на Спрајт, менѓуши за нокт, и така натаму до бескрај.

Ешли Греам ја има најсредената ташна на светот

Ешли Греам освен што е бескрајно успешна и убава, има постигнато една ствар во животот, што жените еве, колку години поминаа од првата жена на светот – уште никако да ја постигнат: средена ташна.

Уметници дефинираат убавина за Вог

За 125-годишнината на Вог, прашуваат неколку уметници „Што е убавина?” Идејата е да се креираат слики од кои после можат да се направат репродукции, за да се соберат пари за ХИВ/СИДА добротворни организации во Америка и Африка. Единаесет уметници прифаќаат, а модната куќа Марни се согласува на соработка со печатење на уметничките дела на ташни и маици.

На модна писта проаѓа, ама можеш ли по улици?

Фино е да видиш огромни, пуфкасти парчиња што личат на шеќерна волна на Фешн ТВ, оди облечи ги за на кафе да те видам. И во Харперс Базар им текнало на ова, па фино лепо облекуваат една манекенка во благо од Џамбатиста Вали и ја пуштаат низ улици во Париз.

Не, Пикасо не рекол така

Човек би помислил дека во време на интернет е лесно да провериш дали е нешто точно или не, ама кога ти доаѓа финко – баш и не се замараш многу. Ова важи за масовното споделување цитати од умни луѓе затоа што ти се чини дека во тој момент, тебе ама баш ти е исто како што му било на Паоло Коелјо кога му снемало цигари.

10 ствари што треба да ги фрлите од плакар

Ова е снимено нешто пред Нова година (2016), што не значи дека баш во моментов нема да ве инспирира да влезете со багер во плакар. Не значи ни дека сè што ќе каже Карли Кристман не ви е познато, ама нема штета во потсетување, со оглед на тоа што од плакар секогаш има нешто за фрлање, нели?

Излегоа есенските колекции и многу е возбудливо

Во Скопје заладува и моментално малку работи на светов можат да се споредат со тоа јако чувство. Одма некако ти доаѓа да мислиш на пофини работи, одма МОЖЕШ да излезеш од дома, се е некако порелаксирано, плус свеста дозволува да помислиш на нова гардероба што не е гаќи и маица, затоа што друго и не може да се истрпи во јули и пола август.

Ако ви се враќа во '90-ти, сликиве се поевтини од времеплов

Пред да имаме Кардашијани и реалити ѕвезди, папараците во Холивуд најчесто бркаа талентирани луѓе. Овие слики се вечно достапни на интернет, само што, квалитетот на фотографијата, модата на нејзе и самиот човек/пар кој како појава е заглавен во одреден период некаде во '90-ти, потсеќа дека прв пат сликиве сме ги виделе на хартија, во некое списание од тие 3-4 што ги имаше кај нас.

Валириски челик, за вас мадам

Добро де, не е Валириски челик, силикон е. Ама тоа не значи дека како и оригиналот - нема да ви се најде кога ќе ви затреба.

Што им значи „AWOK” на вработените во Вог?

Вог има нова колекција на дигитални стикери, од кои што една се истакнува само поради тоа што на аутсајдер не му е одма јасно што сака да каже. Се работи за едно насмеано пост-ит ливче, со напишано AWOK на него.

Така зборуваше Коко Шанел

За љубов, за парфеми, за мода, за мало црно фустанче. Коко Шанел, освен што остави цела една модна филозофија и специфичен правец - остави мудрости по коишто може да се живее.

Да се живее во 8 квадрати во Токио

Ема е влогерка од Австралија што по секоја цена мора да живее во Токио. Брајс е лик што се воодушевува на мали простори за живеење. Тука имаме снимка од стан колку плакарот што го имате дома.

Кога се отвори MAC Cosmetics во Скопје

И како што ќе доаѓаат сите битни брендови за шминка...

Ова си ти кога сакаш да ставиш туш на очи

Што би ние, да не е Тања Хенеси да внесе малку реалност меѓу сите тие совршенства од видеа за шминкање на Јутјуб. Прво гледавме како уствари реално се чувствуваат сите тие шминкери на нивните канали, па после си најдовме сродна душа околу размислувањата како е на 18, а како на 30 години. Сега, ако мислите дека само уште вие не научивте да ставате туш, размислете уште еднаш.

Дали е паметно да се претерува со out-of-office пораката?

Летото уште трае, што значи дека се поголеми шансите на мејл да добиете автоматски одговор наместо обичен, затоа што тој што ви треба е на одмор. Но, сега сме во ера на опуштени мејлови и официјални преписки со по некое смајли, па се поставува прашањето, што е во ред, а што нема смисла да се остави како порака додека си на одмор?

„Јас сум Валентино. Живеам во свој свет.”

„Секогаш со радост сум ги прифаќал сите имиња што ми ги давале: Кралот, императорот, иконата. Јас сум Валентино. Живеам во свој свет. Животот не ми се смени, секогаш бил ист. Сèуште сум истиот од пред многу, многу години, истата личност. Сакам да создавам облека, сакам убави нешта, убави куќи, уживам да забавувам. Ако сакаат да ме викаат икона, ако, тогаш сум икона. Што да ви кажам?”

“Љубовно бомбардирање” ќе ви звучи глупо, ама и многу познато

Го знаете, ама терминот е нов. Тоа е онаа цела процедура на запознавање со некој ултра–забавен и посветен, поминување еден краток ама интензивен период, за на крај да заврши со – ништо.