Како се спремаат есенските колекции

Септември доаѓа за некој ден. Да ми кажуваше некој дека есен ќе ми биде омилено годишно време, немаше да верувам, ама после последниве десет ѓаволски лета во Скопје, се разбира дека човек ќе најде магија во облачно, врнежливо и сиво, само затоа што не те гори секое вадење глава надвор од дома. И есента не доаѓа само за луѓе, туку и за гардероба. И големите брендови се спремаат.

Видеата што можат да влезат под наслов „Како се калеше колекцијата есен/зима 2017/18” имаат еден фин смирувачки ефект. Материјали, кукли, ножици, цртежи, луѓе што комуницираат и работат во тишина на нешто што претходно било конец, а утре ќе стане посакувано модно парче од илјадници евра или долари.

Мишка Аоки, Фенди, Шанел и слични, имаат со што да се пофалат на оваа тема, не само во однос на крајниот резултат туку и магичниот процес што води до него. Во исто време, станува совршено јасно зошто овие чинат колку кола, а она што се вика fast fashion знае да биде и колку 300-грамско Милка чоколадо:

Мишка Аоки:

Шанел:

Фенди (!):

29 август 2017 - 14:28