„За да биде незаменлив, човек секогаш мора да е поинаков.”
„Модата не е само алишта. Модата е во воздухот, се раѓа со ветрот. Во интуицијата е. На небото е и по светот.”
„Природата ти го дава лицето што го имаш на 20. Животот ти го обликува лицето што го имаш на 30. А на 50 го добиваш лицето што ќе го заслужиш.”
„Модата поминува, стилот останува.”
Кога ќе праша некој каде се става парфем:
„Секаде каде што сакаш да те бакнат”.
„Облечи се безвезе и ќе ја запаметат облеката. Облечи се совршено и ќе ја запаметат жената.”
"Не можам да разберам како може една жена да излезе од дома без малку да се среди – барем од пристојност. Никогаш не се знае, можеби баш тој ден ќе има состанок со судбината. А најдобро е да се биде најубава што се може во тој случај."
„Нема време за сува монотонија. Има време за работа. И време за љубов. И тоа не остава време за ништо друго.”
„Шехерезада е лесно, мало црно фустанче е тешко.”
„Елеганцијата не е главен приоритет на тие што штотуку избегале од адолесценција, туку на тие што веќе ја поседуваат својата иднина.”
„Жена што не носи парфем нема иднина.”