“Љубовно бомбардирање” ќе ви звучи глупо, ама и многу познато

Го знаете, ама терминот е нов. Тоа е онаа цела процедура на запознавање со некој ултра–забавен и посветен, поминување еден краток ама интензивен период, за на крај да заврши со – ништо.

Сите мали задоволства кога живееш сама

Јаојао Ма Ван Ас е илустраторка од Лос Анџелес и сака да почнете да штедите за сопствен стан. Или тоа, или ви праќа ишарети како еден човек што живее сам, на друг. Онака, „кажи колку е најјако!“

Ред е да видиме што е тоа „подмладување на вагината“

Сè што сте сакале да знаете за процедурата „Vaginal Rejuvenation“, ама ви било незгодно да прашате - има во видеово спремено од Харперс Базар, каде што една Кели Дедмон (која иначе има и други вакви закон прилози) оди да дознае (и да проба) подмладување на вагината.

Како се станува Инстаграм инфлуенсер преку ноќ?

Ви требаат докај 300 долари, а другото: еве како!

Туторијал за миење коса во вселената

Затоа што, не знаеш кога ќе ти затреба. А не е дека не звучи привлечно „шампон што не се плакне“, без разлика дали си на Земјата или на вселенска станица.

Зошто светската мода се врти кон Источна Европа?

Светот е мал и станува сè помал, барем во светот на модата. А со едни те исти уредници и дизајнери што скакаат од едно до друго списание, се чини дека има помалку оригинални идеи отколку што има луѓе да ги реализираат. Но како што индустријата повторно се вљубува во она што беше модерно пред 20 години, се појавуваат и моменти каде што тој мал свет не е баш толку заостанат.

Светки на очи и совршени веѓи

Vogue Beauty School е една многу корисна работа.

Како да се снајдеш кога ќе те прашаат зошто немаш деца

„Ништо не можеше да ме припреми за инвазивноста со која се соочувам околу моите размножувачки планови, како мажена жена на 30 и кусур години“

И облините се за продажба

Минатата недела, еден тип на Инстаграм и изјави љубов на жена му (односно, на нејзините облини) и како што обично бива тоа масовно се рашири по интернет. Роби Трип, човекот што го напиша ова „љубовно писмо“ го испофалија, па одма го искритикуваа - затоа што човекот се испозанесе дека тоа што е заљубен во дебела жена - е уствари многу храбро.

Вие сликајте си ги бебињата, ние ќе си ги сликаме мачките

Ви текнува на бебешките фотосесии, каде што тазе родено бебе го моткаат во некои плетени симпатични глупости, со машни, во корпи, со сценографија, со сè? Е па тоа, ама со мачиња.

Не е добро да се вежба со шминка

Да почекаме некоја година, да им легне информацијава на пола девојки по нашиве теретани, или да продолжиме? А, ова одамна беше јасно, само што вежбањето стана хаштаг, а кога е хаштаг, не бива да не личиш на ништо, а ако не личиш на ништо, како ќе објавиш на сите профили дека ете, си вежбал? Можеш ти и да шернеш колку километри си истрчал преку апликација, ама кој ќе те види така.

Свадбен накит инспириран од Божествена комедија

„Алигиери“ е колекција на накит инспирирана од едно од најзначајните дела во книжевната историја и редно време беше да им текнат и вакви работи

Улична мода во Копенхаген

Доаѓа Fashion Week во Копенхаген, а со тоа и модни ентузијасти со бои како позајмени од '60-ти. Бар некои од нив, има и такви што со комбинацијата ќе надоместат за сите промашени декади во однос на мода.

Толку ли е страшно да заспиеш со шминка?

Ако прашаш неколку експерти, сите различно ќе ти кажат.

Спремете се за епско видео

Постои ли начин некако да не звучи клише дека е овде споено најдоброто од музиката со најдоброто од телевизија? Некој измонтирал кадри од сите седум сезони на „Игра на тронови“ до сега, и ги појачал со музика од Bohemian Rhapsody, и текст преполн со спојлери, така што, ако не сте во тек, ич, ама ич не отварајте. Ама ако сте до седма сезона, четврта епизода, тогаш може.

Изгледа се озбилни со крпата за цицки

Помина периодот во кој што некој требаше да каже „а бе, трол е ова“, што значи дека светот сериозно го има снајдено „Ta-ta Towel“, слободно преведено во „Крпа за цицки“. Не само што е производот глуп, туку и рекламата те тера на секој 4 секунди да се прашуваш „НО, ЗОШТО?“

Здраво, јас сум Инстаграм сопруг

Зад секоја симпатична девојка на Инстаграм стои нејзиниот маж. Несреќен, ненаспан, со тикови и пред развод.

Најскапите десерти на светот

Ако ви се зема потрошувачки кредит, овде има 5 десерти од различни делови на светот чии што цени имаат по 4 цифри. Ако влеземе во конкуренција, што ќе правиме? Индијанка од 60.000 денари?

Ешли Греам, амбасадор на новиот концепт за убавина

„Сакај се себеси, освен ако немаш подобра идеја.“ Вака од прилика би можеле да се сумираат двете ипол минути подоле со Ешли Греам, „дебелата“ манекенка што добива коментари од типот „доста се трудиш да направиш дебелото да изгледа супер, ќе убиеш некого.“ А многу е блиску до совршена жена - не знае само да готви.

5 ствари што можете да ги купите неделава во Скопје

Да видиме што можеме да направиме со летото.

Мора ли тој тренд и на вашата свадба?

Уште од лани по интернет има совети од битни ликови во свадбената индустрија за тоа што треба да се престане да се прави. На англиски. Затоа што по Америка се претерало со теглите, машните од коноп, едно те исто осветлување од новогодишни сијалички, домишљати ознаки на масите за гости и слично. А кај нас? Камо да имавме повеќе глупи тегли, ние сме уште кај бутањето врата.

Кога ќе го прашаш Хичкок што значи среќа

Баталете Семе Синапово, новокомпонирани цитати направени на Пеинт и лажни описи по Инстаграм. Хичкок ќе ви каже.

73 прашања со Ана Винтур

Последен пат слушавме што ќе одговори Сара Џесика Паркер, овој пат, влегуваме на работа кај Ана Винтур (веројатно единствен начин да ѝ влеземе во канцеларија), и го пратиме новинарот како трепери гласот додека прашува дали е добро облечен.

Како да се преселиш без жртви

На филм тоа изгледа многу забавно. Мењаш еден прејак стан за друг уште подобар, па тоа брзи кадри, ведри бои, паѓање меѓу кутии, кикотење, Бени Хил движења, па пробување фустани, фрлање, пиење шампањ. Во приватен живот, тоа малку потешко.