Во Њујорк: Нешто што се вика Golden Opulence Sundae и чини 1000 долари
Што е толку посебно? Па има некои ливчиња од 24-каратно злато, па се прави со најскапото чоколадо на светот (гуглајте Amedei Porcelana) и некое ретко венецуелско чоколадо. Може па, затоа се закача Трамп. Сака на народот да му обезбеди поевтино венецуелско чоколадо.
Истанбул – Златна торта од 1000 долари
Ако ви се трошат многу пари во Истанбул, тортава ја прават во хотелот Ciragan Palace, и потребни им се 72 саати да ја спремат, па планирајте. Официјалното име е „Sultan’s Golden Cake“, се прави со 24 каратни златни ливчиња, ретка ванила од Француска Полинезија и карамелизирани црни чоколатца.
Париз: Макаронс во Пјер Ерме за 7.414 долари
Овде има некоја приказна, односно, слаткарот измислува рецепт специјално за тебе и благото ќе го одразува твојот карактер.
...
...
Во Чаршија има едни тулумби што многу некако добро ми го одразуваат карактерот.
Конетикат: Трафл од 250 долари
Ова е уствари најскапото чоколадо на светот, што значи дека или сте блесави или многу сакате некого да почастите. Авторот на статијата цената ја вика просечна плата во сиромашните земји (јеее, глејте колку далеку сме догурале!), а таква е затоа што благото се прави од ретка француска печурка. Може и онлајн да се нарача, ама замислете да патува до тука! Ни благо ни свети благо ќе се види, но добро.
Париз пак: Кутија чоколатца за 1.150 евра
За овие пари, добивате 35 минијатурни чоколатца во кожна кутија со златни украси, дизајнирана како книга. Што сте се стиснале, после кутијата може да се користи за шминки, за шивачки прибор, за што треба.