Ред е да видиме што е тоа „подмладување на вагината“

Сè што сте сакале да знаете за процедурата „Vaginal Rejuvenation“, ама ви било незгодно да прашате - има во видеово спремено од Харперс Базар, каде што една Кели Дедмон (која иначе има и други вакви закон прилози) оди да дознае (и да проба) подмладување на вагината.

Не, не е со сечење, крпење и слично, туку со ласер. Не е ни трауматично, ни драма, ни бутур, ќе видите. Тоа што сите ќе го помислиме за време на видеото е сумирано во неколку запрепастени погледи кон камерата. 

Очигледно трае помалку од гинеколошки преглед и многу е попријатно (ако попријатно значи нечувствување ништо).

Поентата? Да влезеш со 48-годишна вагина, а да излезеш со 25-годишна.

What a time to be alive.

16 август 2017 - 11:59