Улична мода во Копенхаген

Доаѓа Fashion Week во Копенхаген, а со тоа и модни ентузијасти со бои како позајмени од '60-ти. Бар некои од нив, има и такви што со комбинацијата ќе надоместат за сите промашени декади во однос на мода.

Океј, ова е во ред.

За 10-20 години ќе ги гледаме сликиве и ќе викаме „се сеќавате кога модните гуруа се обидуваа да протнат грозни папучишта како нешто јако“, па сложно ќе се потсетиме и ќе пиеме дијазепам.

Мокасини од колекцијата „едвај чекам да заврши лудилово и да се вратиме во ерата на кондури на кои што не им фали дел.“

Храброст за поздрав. Треба фокус и посветеност да облечеш нешто вака грдо, на Модна недела во Копенхаген, и не само што никој нема да се прекрсти и да пие шеќер и вода, туку и ќе те сликаат за Вог.

Ух, ред беше да видиме нешто фино (чипката).

И тогаш се појавува ваква, и го спасува светот од шарените фустани за плажа, преку маица со кратки ракави и скапи сандали. Бикоз, од глава до пети - совршено.

А сега назад на темната страна. Ова се вика, не може и ташна добра, и кондури јаки. Може само ташна.

 

10 август 2017 - 12:05