Вие сликајте си ги бебињата, ние ќе си ги сликаме мачките

Ви текнува на бебешките фотосесии, каде што тазе родено бебе го моткаат во некои плетени симпатични глупости, со машни, во корпи, со сценографија, со сè? Е па тоа, ама со мачиња.

Мачето на видеото се вика Рози. Фотографката вика дека ако сликање бебе бара 2-3 саати, со маче се трошат само 45 минути. 

Не е такмичење де. Моето ѕверско, снобовско маче ќе сака цел ден да го молиш да застане за сликање. Ама видете ја Рози каква е.

И не е само Рози. За поубав ден:

 

11 август 2017 - 11:59