Свадбен накит инспириран од Божествена комедија

„Алигиери“ е колекција на накит инспирирана од едно од најзначајните дела во книжевната историја и редно време беше да им текнат и вакви работи

Хероите, демоните и митските суштества се погодиле како совршена и бескрајна инспирација за Рош Махтани, дизајнрка од Лондон, која се обидела со дизајн, откако студирала француски и италијански на Оксфорд. Нема никаква формална обука, но сака да раскаже приказна и дизајнира позлатени парчиња посветени на моменти од поемата на Данте.

„Бев на еднодневен курс за длабење восок, купив восок и почнав да создавам работи!“ изјавува Махтани за британското издание на Вог. „Па после запознав еден леар во Хатон Гарден и ги направив бронзени. Сè беше органско, и не знам ништо за изработка на накит, па немав ни правила – што беше многу ослободувачки.“

Накитот, со имиња како „ланче од другата страна на светот“ и „прстен на изгубениот сонувач“ одма им фати око на модните уредници што имаат мерак на контекст. И иако цената е пристојна, што го прави овој накит популарен кај модните фанатици кои често патуваат, приказната привлекува и невести.

„Фантастично е што жените (па и мажите) го бираат овој бренд за свадба, бидејќи самите парчиња се несовршени. Многу ми се допаѓа што се слави несовршеноста, особено на еден таков ден кој традиционално се очекува да е совршен,“ објаснува Махтани.

Клиентите често контактираат со дизајнерката за да споделат важноста на тоа зошто купиле од кај неа: „Медалјонот Леоне – симбол за храброст, инспириран од првото пеење од Пеколот, кога Данте е соочен со толку страшен лав, што дури и воздухот околу него се тресе – е инфузија на храброст кај многу жени кои минуваат низ тежок период. Овие лични приказни секогаш ме погодуваат.“

10 август 2017 - 13:39